Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Оглас за распределување на 37 социјални станови во општина Струмица
19.02.2020

Ве информираме дека Министерството за транспорт и врски објави оглас за распределба на 37 станови за социјално ранливи категории на граѓани во Струмица.

Право на учество имаат следниве категории на граѓани:  

  1. Деца без родители или родителска грижа –лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители.
  2. Корисници на правото на гарантирана минимална помош.
  3. Лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни (примарни) живеалишта.
  4. Лица со попреченост и семејства со лица со попреченост.
  5. Лица припадници на Ромската заедница социјално загрозени (согласно “Стратегијата за ромите на Република Северна Македонија“)
  6. Самохрани родители со малолетни деца.

На огласот може да се пријават само лица кои влегуваат во една од oвие категории, притоа треба да ги исполнуваат следниве услови:    

  • Да бидат државјанин на Република Северна Македонија;

 

  • Да бидат со постојано место на живеење во општината каде е изграден социјалниот стан

 

  • Лицето кое се пријавува да не поседува стан во лична сопственост, на брачниот другар и на полнолетните членови на неговото заедничко домаќинство на територијата на Република Северна Македонија.

Потребната документација ќе може да се поднесува во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Струмица.                  

За оние кои не се во можност сами да ја комплетираат потребната документација, Центарот за социјални работи ќе ја обезбеди потребната помош за обезбедување на целокупната документација согласно објавениот оглас.

Огласот трае до 15 април 2020 година, а документите  треба да бидат во оригинал или копии заверени на нотар не постари од 6 месеци, освен документите кои се обележени од надлежен орган како трајни.

Социјалните станови ќе се распределуваат во транспарентна постапка преку електронска распределба согласно Методологијата за бодирање на кандидати за добивање на социјален стан под закуп.

Повеќе информации за потребната документација може да се најде на веб страната на Министерството за транспорт и врски (http://mtc.gov.mk/vesti/Oglas--za-raspredeluvanje-na-37-sotsijalni-stanovi-vo-opshtina-Strumitsa-) или во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Струмица.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube