Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
ОГЛАС за полагање на стручен испит за Проценувач од областа на недвижен имот
29.04.2022
Република Северна Македонија
Министерство за транспорт и врски
 
ОГЛАС
за полагање на стручен испит за проценувач од областа на недвижен имот
 

 

Согласно член 15  од Законот за процена (Службен весник на РСМ бр. 115/10, 158/11, 185/11, 64/12, 188/14, 104/2015, 153/15, 192/15, 30/16) се повикуваат сите кандидати со потврда за завршена почетна обука за проценувач на вредноста на недвижен имот согласно член 11 од Законот за процена кои имаат интерес за полагање на стручен испит заради  проверка  на  потребното стручно знаење за проценувач од областа на недвижен имот, да поднесат Барање до архивата на Министерство за транспорт и врски или по пошта на адреса Министерство за транспорт и врски ул. „Црвена Скопска општина“ бр 4 Скопје.

Стручниот испит се состои од писмен и устен дел и се полага според програма, за полагање на стручниот испит и тоа:

-   прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското  знаење на кандидатите, се полага писмено по електронски пат, со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски  тест на компјутер и студија на случај, со шест прашања  кои кандидатот треба да ги одговори врз основа на анализата на дадената студија на случај и

 -  втор дел (практичен пример), устен дел на стручниот испит се состои од:  практичен пример, односно изработка, анализа и одбрана на изработена процена од соодветната област пред комисија за полагање со кој се проверува практичната подготвеност на кандидатот.

 

Барањето треба да содржи:

Име и презиме на барателот и точна адреса на живеење, телефон за контакт и електронска пошта ( е-mail адреса),

уплатница образец ПП/50 за уплатени парични средстава за трошоци на полагање во износ од 24.000,оо денари односно 8.000,00 денари по пријавено лице за кандидати кои повеќе од 6 (шест) месеци не се во работен однос, кои се пријавуваат како активни баратели на работа,

назив на примач  Министерство за транспорт и врски

Банка на примач НБРСМ Трезорска сметка 100000000063095

Сметка на буџетски корисник 1300100256631-16

приходна шифра и програма 724149-10

цел на дознака  полагање на испит за проценувач на недвижен имот.

 

Стручен испит за проценувач може да полага лице кое ги исполнува следниве услови:
- да е државјанин на Република Македонија,
- да има живеалиште во Република Македонија,
- да има високо образование (диплома со завршено четиригодишно високо, образование или диплома со 300 кредити според европскиот кредит – трансфер систем (ЕКТС)),
- да има најмалку пет години работно искуство во соодветната област и
- да има потврда  за завршена почетна обука за проценувач

 

 

За точниот датум, време и место на полагањето кандидатите ќе бидат известени на емаил адреса најдоцна во рок од 8 дена пред одржување на испитот.

Краен рок за уплата на средствата за полагање на испитот е 05 Мај 2022 година.

Краен рок за поднесување на комплетирано барање е 13.Мај 2022 година.

Извeстувањето ќе биде објавено и на веб страна на Министерството за транспорт и врски.

 

 

Република Северна Македонија

Министерство за транспорт и врски



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube