Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Нов модерен центар за контрола на сообраќајот во земјава
25.01.2019

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов денеска извршија увид во изградбата на Контролниот центар за мониторинг на наплатните станици.

Овој Контролен центар се наоѓа до наплатната станица во Петровец и е дел од проектот за модернизација на патарините.

Вкупната инвестиција на целиот проект изнесува околу 18, 6 милиони евра.

Преку овој Контролен центар ќе се врши, мониторинг на сите наплатни станици, како и регулирање на сообраќајот на автопатната мрежа во земјава.

„Овој високо модернизиран центар, преку кој ќе се олесни протокот на возила на патарините и со кој ќе се регулира сообраќајниот метеж, е дел од модернизацијата на наплатата станица Петровец која веќе е во завршна фаза.

Сакам да истакнам дека целосно се модернизирани и проширени патарините Романовце, Отовица и Сопот, а во завршна фаза се наплатните станици Градско и Гевгелија.

Очекуваме електронската наплата на Коридор 10 да започне за неколку месеци“ – изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Контролниот центар е граден по примерот на европскиот модел за контрола на сообраќајот, истакна директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов.

„Овој објект најпрво ќе ги регулира сите патарини на Коридор 10 и Коридор 8. Во меѓувреме Министерството за транспорт и врски работи на проект преку Светска банка, наречен Интелигентен транспортен систем, со кој се планира за две години да се постават  камери на Коридорите 10 и 8 и на сите клучки.  Сите поставени камери ќе бидат директно поврзани со овој центар, а исто со овој центар ќе се поврзат и постоечкиот Контролен центар во Неготино и новиот што треба да се изгради во Кичево. На тој начин, од ова место ќе може да се врши мониторинг на целиот сообраќај во земјава“ – изјави директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов.

Во однос на воведување на електронската наплата на патната такса, директорот Китанов изјави дека наплатните станици Романовце, Сопот и Отовица се целосно завршени, наплатната станица Петровец е во завршна фаза, а во тек е изградбата на новите станици во Градско и Гевгелија. Според него, електронската наплата на целиот Коридор 10 би требало да се воведе до месец мај, оваа година.

Во меѓувреме реконструирани се наплатните станици на Коридор 8, а следна фаза е воведување на електронскиот систем за наплата и на овој Коридор. 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube