Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Николоски на терен: Промовираме зимско асфалтирање на автопатот Кичево-Охрид. До почетокт на летата сезона ќе го пуштиме автопатот за сообраќај од Врбјани до Охрид, до крај на 2026 ќе го изградиме автопатот
24.11.2024

До почеток на летната сезона ќе пуштиме за сообраќај околу 40 километри од автопатот Кичево - Охрид на потегот од Врбјани до Охрид,  а до крај на 2026 година како што ветивме ќе го изградиме целиот автопат, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски и градоначланикот на Охрид, Кирил Пецаков извршија увид во зимско асфалтирање на автопатот во непосредна близина на Охрид.

Министерот Николоски, заедно со останатите присутни денеска промовираа  асфалтирање во зимски услови, токму на трасата на автопатот Кичево – Охрид,  активност која за прв пат се применува после 50 години.

Како што истакнаа, ова е резултат на промена на Законот за изградба на автопатот Кичево - Охрид се со цел да се надминат проблемите со техничките услови со асфлатирањето и да се забрза неговата изградба. Министерот Николоски истакна дека направена е целосна мобилизација на работници и на машини и со тоа се создава услови да се асфалтира и на минусни температури.

“Ова е мое прво појавување на овој проект. Ветивме работа а помалку да зборуваме. Ги решаваме проблемите со автопататот и веќе ги забележуваме резултатите. Правиме историска работа за Охрид и за цел регион. Имаме голема мобилизација за изградба на  автопатот и тоа со околу 300 машини и околу 600 вработени кои секојдневно работат на трасата. Денеска промовираме асфалтирање во зимски услови и на минусни температури се со цел да ја забрзаме изградбата и да ги достигнеме роковите  што си ги зададовме. Тоа е до почетокот на летната сеозна да пуштиме за сообраќај околу 40 километри од Врбјани до Охрид со еден мал прекин кај Ботун, а до крај на 2026 година да го изградиме целиот автопат. Исто така во преткфалификација е избор на изведувач за автопатот Кичево-Букојчани и очекувам дека на пролет ќе имаме избрано изведувач. Потоа тој автопат ќе се надоврзе на автопатот кој интензивно започна да се гради, а тоа е од Гостивар до Букојчани и понатаму од Гостивар до Тетово, така да граѓаните од Охрид и регионот ќе добијат нов модерен автопат од Охрид до Скопје. Исто така по целата траса ќе има и алтернативен пат”- изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Министерот Николоски исто така најави дека ќе се започне и со реконструкција на превојот Пресека.

Директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски истакна дека интезивно се работи на санација на косините и на завршување на експропријацијата. 

“ Работиме со силен интензитет да ги санираме косините што се појавени на потегот од Кичево до Врбјани бидејќи со текот на времето тие биле подложни на многу природни услови. Исто така работиме и на завршување на експропријацијата. Со измени на Законот благодарение на министерот Николоски ја сменивме формулата за асфалтирање и со тоа овозможуваме зимско асфалтирање, нешто што не се правело изминативе педесетина години. Наследивме огромни проблеми, но макотрпно работиме да ги решаваме ден по еден и очекувам дека до крај на 2026 година ќе го завршиме овој автопат” -изјави Коце Трајановски, директор на ЈП за државни патишта

За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube