Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Николоски на средба со ЗЕЛС: Овозможивме поедноставена постапка за градење на училишта градинки, амбуланти болници и катни гаражи кои се во 100 проценти сопственост на општини и државата
15.11.2024

Училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи кои се во 100 проценти сопственост на општини и државата ќе можат да се градат во поедноставна постапка и за нив да не се плаќаат комуналии. Ова го овозможувме со измени во Законот за урбанистичко планирање и  Законот за градење, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на средбата со раководството на ЗЕЛС.

На овој начин помагаме да се развиваат општините и помагаме во бројни проблеми на граѓаните во делот на згрижување, образованието, здравствената заштита и проблемите со паркирањето, истакна министерот Николоски.  

“Нашата цел е да има рaзвој на општините, да имаат подобри услуги за граѓаните, да се насочени кон граѓаните и да бидат во подобра финансиска кондиција. Постојат и други предизвици во следниот период што ќе ги решаваме, пред се во закони што се поврзани со директното функционирање со општните и затоа и како министер и како потпрестедател на Влада сум на располагање да имаме добра соработка. На средбата исто така разговараме и за проектот кој е тековен, а тоа се средствата кои Владата ги обезбеди во општините за капитални проекти и тоа преку 80 проценти се преку Министерството за транспорт. Најаувам за следната година дополнителни 250 милиони евра исто така за инфраструктурни проекти  за општините, а такви проекти ќе има и во годините што следуваат”- изјави министерот Николоски. 

Претседателот на ЗЕЛС; Орце Ѓорѓиевски истакна дека оваа иницијатива била произлезена од ЗЕЛС, а поддржана и реализирана во соработка со мнистерството.

“Практично со овие измени решаваме повеќедецениски проблеми на општините, кои досега не можеа да ги реализираат и да бидат ефективни бројни проекти. Го надминавме моментот од ослободување од комуналии, од причина што скопските општини со месеци наназад имавме проблем, со месеци чекавме објектите од јавен карактер да ни бидат ослободени од комуналии. Сега тоа е минато и сега сме целосно функционални”-изјави Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС.

 

На средбата беше договорено да се формираат работни групи со цел да се направат измени и во Законот за експропријација, за да им се овозможи на општините поефикасна релализација на капиталните проекти. 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube