Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Николоски: Започнува изградба на најголемиот ветерен парк во Македонија. На одличен пат сме да ја засилиме енерегетската независност и да обезбедиме конкурентност  на македонската индустрија на странките пазари
16.07.2025

Македонија денеска испишува нова историја на полето на зелената транзиција. Во Штип започна изградбата на најголемиот ветерен парк на компанијата „Алказар енерџи“, проект ќе ја засили енергетската безбедност, ќе создаде нови работни места и ќе донесе почиста, поевтина и обновлива енергија за идните генерации. Иинвестиција е од над 500 милиони долари, проект кој ќе донесе стабилност во енергетскиот системн, електрична енергија за 100 илјади домаќинства и ќе обезбеди преку 600 нови работни места.

Во своето обраќање, вицеремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски ја истакна огромната важност на проектот, како за државата и граѓаните, така и за развојот на економијата и создавање можности за конкурентност на македонската индустрија на европскиот пазар.

Во продолжение интегрално обраќање на Николоски:

“Навистина е задоволство да се биде тука на почеток на една огромна инвестиција, најголема инвестиција во обновливи извори на енергија. Да се заблагодарам на Даниел за убавите зборови, тој заврши со една лична нота, а јас ќе започнам со една лична нота. 

Минатата година кога разговаравме со Премиерот околу Владата, околу ангажманот и визијата на Владата, проектите, и мојот личен ангажман во Владата, Премиерот како еден од главните приоритети го стави токму ова, а тоа беше зелената транзиција и тоа да Македонија стане лидер во производство на зелена енергија на Балканот. 

Неговата лична визија и она што го покажал во минатото, имајќи во предвид дека е автор на првиот ветерен парк во Македонија, не доведе денеска да можеме да сме тука и да почнеме еден навистина голем проект. Ова е само еден почеток, јас сум убеден дека ќе имаме и многу, многу други големи проекти и големи причини да бидеме тука и да славиме. Исто така сум убеден дека оваа порака ќе одекне добро и помеѓу заедницата на инвеститори. Претседателе благодарам на посветеноста и водството.

Она што мислам дека е особено значајно да се спомене, и што мислам дека е добро да го дознае јавноста, и затоа би сакал директно неколку збора да кажам, е колку е ова значајно. Ова што го правиме денеска, е прво значајно, ако сакате од еден човечки аспект. Кога патуваме надвор, она што можеби најмногу не' импресионира, особено во Северна Европа, е кога ќе ги видеме ветерниците и тоа е некој симбол за развој, симбол за прогрес, симбол за 21. век и каде се движи човештвото. Така што, ова што ќе се случува во годините пред нас, е и психолошки добро да покажеме, дека како нација можеме да водиме големи проекти. Второ, во однос на економијата, тука имаме директен и индиректен импакт. Директниот импакт е она што ќе се произведе и што ќе се продаде, кое што директно влегува во БДП. Но индиректниот е многу поголем, не само во изградбата во годините што следуваат пред нас, не само во придобивките кои што ќе ги имаат трите општини, на чија што територија ќе биде овој ветерен парк, туку пред се' за стопанството и за индустријата, затоа што светот оди напред, Европската Унија правилата на зелена транзиција ги постави и нема да се врати назад од тие правила, а тие правила велат, особено во металната, во челичната индустрија, во тие индустрии кои што придонесуваат најмногу за нашиот БДП, дека веќе од 2026 година мора да се користи зелена енергија, во спротивно се плаќа казна за тие што не користат таква енергија. За да го спречиме тоа и да дадеме шанса на нашата економија и индустрија, да се конкурентни надвор, затоа што ние сме мал пазар и мора да се бориме надвор, доколу сакаме да сме успешни, овој проект и вакви проекти ќе допринесат многу за да бидеме лидери и во индустриското производство.

И затоа како Влада правиме се' да ги поддржиме. Би сакал да се заблагодарам на тимот во Министерството за транспорт, кој што работеше доста напорно за ова да се заврши. Би сакал да се заблагодарам на тројцата градоначалници на нивните тимови, на Штип, Радовиш и Карбинци, на Министерството за енергетика, Катастар, и сите кои што беа вклучени. Благодарам, со среќа и аирлија!- се обрати вицепремиерот Николоски.

На настанот денеска свое обраќање покрај директорот на компанијата и инвеститор, Даниел Калдерон, имаа и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министерката за енергетика, Сања Божиновска.

За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube