Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Николоски: За две и пол години ќе имаме завршен автопат Тетово-Гостивар. Тајната на успехот е посветена работа и подршка
03.05.2025

Денеска почнуваме нов проект, автопатoт Тетово-Гостивар, дел од коридор 8. За две и пол години од денеска ќе имаме автопат по сите прописи и сите стандарди какви што заслужуваат граѓаните од Полошкиот регион и од целата држава, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на почетокот на градежните работи.

Автопатската делница ќе биде долга 17,5 километри, а вредноста ќе изнесува околу 90 милиони евра. Прoeктот предвидува шест сообраќајни ленти, три во секој правец, односно две возни ленти и една за застанување.

Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.  

“Навистина е задоволство кога се почнуваат нови проекти. Денеска почнуваме нов проект, автопатoт Тетово-Гостивар. Ова десно од нас, ние сите го нарекувавме автопат во минатото, но не беше автопат, беше еден експресен пат. За две и пол години од денеска ќе имаме автопат по сите прописи и сите стандарди какви што заслужуваат граѓаните од Полошкиот регион и од целата држава.

Сакам да споделам два факти со вас. Во јуни 2024 година кога беше формирана оваа Влада, вкупно беа експроприрани 560 парцели на трите делници. Денеска во април 2025 година имаме 2497 парцели експроприрани, прогресот е помножен некаде пет пати. Тоа значи дека отвораме фронт за работа на делницата Тетово-Гостивар од 17,5 километри, на Гостивар - Букојчани 14,7 километри и Прилеп-Битола 29 километри или планот до ова лето активно да се работи на изградба на автопати во рамки на коридорите 8 и 10 д некаде од 65 до 68 киломтери, што мислам дека ќе се согласите е огромен прогрес.

Тајната е многу едноставна, се вика работа и подршка. Сакам лично да се заблагодарам на премиерот за подршката на дневна основа. Ние на дневна основа се координираме за овој и за останатите големи проекти. Сакам да се заблагодарам на ЈП за државни патишта, на Проектната единица и директорот Трајановски, на цел тим кај мене во Министерството за транспорт и на целата Влада затоа што ова е заеднички напор и успех. А успесите доаѓаат со заедничка формула, ние заедно со тимот на Бехтел и Енха секоја недела или во најлош случај еднаш на две недели одржуваме големи состаноци на кои заеднички ги координираме работите, гледаме што сме завршиле и си даваме задачи за следниот период. Потоа на дневна основа ги решаваме  проблемите и скоро секој ден комуницираме. Следниот ваков состанок е вторник затоа што имаме многу работа пред нас. Нека е со среќа”- изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.  



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube