Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Николоски: Второстепената комисија за жалби по јавни набавки носи сомнителни одлуки, ЈО да ја преиспита нивната работа
26.07.2024

Ќе направиме се со Јавното претпријтие за државни патишта за да ги раскинеме сомнителните тендери за одржување на патиштата и оддржувањето да го прават Јавното претпријатие во соработка со Македонија пат, потенцираше заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во утринското гостување во ТВ Сител.

 

Тој изрази сомнеж во работењето на Второстепната комсија за жалби по јавни набавки потенцирајќи дека тендерот за оддржување на патиштата  неколку години по ред на сомнителен начин го добива една иста фирма - Мирсад Комерц. 

 

“ Пред две години излегов на прес конференција и кажав дека ЈПДП наместо да даде средства на Македонија пат за ги чисти автопатите и да ја коси тревата по автопатите што е работа на Македонија пат, дала тендер на приватна фирма Мирсад Комерц случајно да е од Кичево од каде е и лидерот на ДУИ и тоа за фантастични 2 милини евра. Во овие години ниту гранки видовме пресечени,  ниту трева видовме дека исчистила фирмава. На одење стариот директор на ЈПДП повторно распишал тендер за истава фирма Мирсад Комерц која што магично го добила истиот. Останатите фирми се жалат  и второстепената комисија по жалби за јавни набавки  колку што сум информиран ги одбива сите жалби. Сакам да го прашам претседателот на второстепената комисија која по суштина треба да е незвисно тело, како е возможно да ги одбијат жалбите на сите останати компании и Мирсад Комерц која гранка не пресече, треба да продолжи да работи? Како е возможно таа второстепена комисија да донесе ваква одлука имајќи предвид дека за нејзиното работење имаше вакви сомнежи, еве земете го  РЕК Битола каде што иста компанија “Марковски компани” ги доби тендериве во изминтиве 4-5 години, а состојбата во РЕК  Битола е катастрофална”, истакна Николоски. 

 

Министерот Николоски повика Јавното обвинителство да ја преиспита работата на Второстепeната комисија по жалби за јавни набавки, бидејќи како што рече, носеле сомнителни одлуки.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube