Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Николоски: Стравот кај двата оператори од трет оператор е поради тоа што цените драстично ќе се намалат, а парите ќе останат кај граѓаните
19.08.2024

„Во однос на тоа дали ќе е трет мобилен оператор или ќе се работи на намалување на цените на постојните два оператори е стратешка одлука која треба да ја донесеме во следниот период. Факт е дека во моментов има дуопол кој е помеѓу постојните два оператори, пазарот е идеално поделен 51 и 49 помеѓу првиот и вториот оператор. Цените на услугите не само  што не се намалуваат туку се зголемуваат“, истакна министерот за транспорт Александар Николоски при денешната посета во Општина Кавадарци.

Министерот Николоски истакна дека нема никаков натпревар нити во делот на подобри услуги нити во делот на поевтини цени за граѓаните, како и за тоа дека се соочува секој ден со проблеми затоа што има дуопол.

„Еве вие сте тука претставници на медиумите, дали познавате друга држава во Европа каде граѓаните плаќаат за кабелска телевизија, а дел од тој надоместок кој граѓаните го плаќаат не се исплаќа на оние кои ги гледаат на кабелска телевизија односно на телевизиите кои се емитуваат преку кабелска телевизија. Тоа го има само во Македонија како што само во Македонија има да телевизиите плаќаат за т.н. дигитализација на еден од овие два оператори а вториот воопшто да не нуди таква услуга што мислам дека е најдобар доказ за договорите кои ги прават помеѓу себе“, посочи Николоски.

Министерот Николоски потенцираше дека граѓаните страдаат и затоа ова мора да се реши на начин што граѓаните ќе добијат поголем квалитет на услуги за помалце пари.

Министерот Николоски заклучи дека стравот кај овие два оператори е дека цените драстично ќе се намалат и нема да можат да прават десетици милиони евра профит секоја година, тие пари ќе останат кај граѓаните, тоа е разликата, потенцираше министерот Николоски.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube