Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Николоски, Стоилковиќ и Муцунски во официјална посета во Белград на средби со државниот врв на Србија
04.09.2024

Делегација на Владата во состав заменик претседателот и министер за транспорт, Александар Николоски, заменик претседателот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски е во официјална посета на Република Србија.

 

Во продолжение интегралната изјава на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

 

“Денеска сме во официјална посета на Република Србија. Мoжам да кажам дека Мaкедoнија и Србија оддржуваат доста блиски односи, а со формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ тие односи и релации уште повеќе ќе се подобрат затоа што се работи за два пријателски, два братски народи кои што треба да имаат најдобри односи и најдобра соработка.

 

Во таа насока зборуваме за политичка и за економска соработка, секако за затоплување на политичките односи и за подобрување за економската соработка, зголемување на трговијата, на трговската размена, отворање на што повеќе работни места и во Макеодониј и во Србија за компании кои што работат и во Македонија и во Србија.

 

Секако тука е подбрувањето на инфраструктурата, пред се во делот на Коридор 10 и изградбата на брзата пруга. Знаете дека една од главните заложби на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и моја лична како потпретседател на Владата и министер за транспорт е изградба на брза пруга Скопје-Солун која што треба да се надоврзе на брзата пруга која што веќе постои од Солун до Атина и исто така на брзата пруга Белград - Будимпешта - Виена, а се надевам дека во најбзро време Србија ќе ја изгради брзата пруга Белград - Ниш-Скопје и на тој начин Македонија да биде поврзана со возови што се движат со 200 km на час и поврзана со Централна и Западна Европа на брз и квалитетен начин. Во исто време да се развива бизнисот затоа што ќе се отворат две големи пристаништа кои природно гравитираат кон Македонија а тоа е Солунското и пристаништето Пиреа во Атина.

 

Имаме средба со претседателката на Собранието Брнабиќ, со министерот за внатрешна и надворешна трговија Момировиќ, исто така со министерот за надворешни работи, со министерката за енергетика и секако со министерот за економија, со министерот за транспорт Весиќ и претседателот на Владата, Вучевиќ со кој што ќе имаме работна вечера на која поподробно ќе ги дискутираме сите овие односи.

 

Она што исто така можам да го кажам е дека во следниот период договараме посета на Владата на Србија во Македонија, а за скоро време и очекуваме да се воспостави една соработка на одржување на заедничи седници на македонската и српската влада”- изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube