Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Николоски: Создаваме услови за намалување на цените на телекомуникацискиот пазар. Дуополот на македонскиот пазар ги осиромашува граѓаните
19.09.2024

За трет мобилен оператор нормално е да има тендер, не се фаворизираат компании, но добро е што други оператори веќе пројавуваат интерес да влезат на македонскиот пазар и евентуално да ја зголемат конкуренцијата, истакна  заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, во вечарашната емисија “Само интервју” на ТВ Канал 5.

 

Македонскиот пазар функционира како дуопол и затоа се обидуваме да ги намалиме цените на услугите. Не е нормално да плаќате пакет од 5100 денари во услови кога минималната плата е 23 илјади денари, вели министерот Николоски.

 

“ Гледам дека се многу вознемирени двата оператори и сакам јавно да ги замолам да не се обидуваат преку јавноста да нарачуваат текстови и напади и уште помалку преку нивните амбасадори да се жалат дека имаат проблеми. Немаат никакви проблеми, единствено што јас сакам е да се намалат цените. Да ги намалат цените може нема да има потреба и од трет оператор,  ќе гледаат со пониски цени да го освојат пазарот. Еве ако имате еден нормален пакет со мобилен телефон, фиксен телефон, оптички интернет и кабелска ТВ и тоа да ве чини 5100 денари во услови кога минималната плата е е 23 илјади денари, нормално е дека некој друг ќе гледа да ги намали цените и да понуди услови да го освои пазарот. И наместо да трошат пари на пр - текстови нека ги намалт цените и ќе бидат поконкурентни”- истакна  министерот Николоски

 

Тој исто така објаси дека Македонија е дел од т.н. “Чиста мрежа” каде преку законски измени не може да се користат технологии од кинески компании.

 

“ Исто така сe пласираат тези преку блиски медиуми на двата оператори дека компанијата 4iG користи кинeска технологија. Прво Македонија и со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и со законски измени во 2022 година стана дел од  таканаречената чиста мрежа според која кинески компании не можат да инсталираат технологија во Македонија. И овие два оператори не кажуваат дека тие користеа кинеска технологија, едниот Хуавеј, другиот ЗТЕ и никогаш не кажаа во јавноста што направија со таа технологија од која се откажаа од пред две години”-  рече министерот Николоски во интервјуто.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube