Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Министрите Петровска и Бочварски доделија решенија за станови на припадниците на АРМ
26.07.2022
Министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски Благој Бочваски, денеска доделија триесетина решенија на сегашни  и пензионирани припадници на АРМ, со право на сопственост за станови кои им се доделени од поранешниот фонд на ЈНА а до сега не можеле да стекна сопственост над истите. 

Во прилог интегралното обракање на министерот Бочварски: 

"Драго ми е што денеска со министерката Петровска стоиме пред припадниците на Армијата и како што ветивме, тоа ветување го исполнивме.

Владата на Република Северна Македонија подденакво е фоксуирана на решавање на статусот на сите граѓани,  кои од било какви причини до сега немаа можност да го решат станбеното прашање.

Денеска за сите овие лица, неизвесноста што траеше со децении и децении, станува вистинска можност да си ги откупат становите и конечно да го решат сопственото станбено прашање.

Да појасниме, се работи за Закон кој во 2021 година беше изгласан во Собранието, а се однесува на лица вработени во Министерството за одбрана, во Армијата на Република Северна Македонија или поранешни вработени, да можат да ги откупат становите доделени од поранешната ЈНА, станови кои им биле доделени на користење на овие лица без претходно да можат да се стекнат со право на сопственост.

Имавме многу отворени пршања како да го решиме ова, но секогаш доаѓавме до ист заклучок дека овие лица заслужуваат статус на сопственици на становите кои живеат и по триесетина и повеќе години во нив, а заради поделбата на тогашните републики, им се скратуваше можноста да остварат право на сопственост.

Би сакал во оваа прилика да им честитам на овие триесетина сегашни и поранешни припадници на АРМ и да потенцирам дека со министерката Петровска ги направивме вистинските чекори за да се овозможи денеска да ги добиете договорите за сопственост.  И навистина драго ми е, честитки за сите.

- Да појаснам дека согласно Законот, право на откуп имаа лицa кои имаат решение за доделување на користење на станот а кои се државјани на Република Северна Македонија.

- Лица вработени во Министерството за одбрана или Армијата и лица кои по пат на спогодба помеѓу Министерството за одбрана и друго правно лице засновалe работен однос кај друг работодавач, а во Министерството за одбрана односно Армијата работелe најмалку десет години или стекнале право на пензија.

- Лица од семејното домаќинство на корисникот на станот доколку  корисникот е  починат а поседуваат соодветен документ за користење.

Во однос на продажната цена на станот, таа е утврдена врз основа на градежната вредност, трошоците за уредување на градежното земјиште, местоположбата и амортизацијата на станот. Цената ја утврдува АД стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката.

Во следниот период мешовитата Комисија ќе работи на уште десетина предмети кои исто така извесно е дека ги исполнуваат условите и се надевам во многу брзо време и тие лица ќе добијат договори за сопственост.

На крај да истканам дека ова е еден од начините како оваа Влада води сметка сите граѓани и уверуваме дека со слични мерки и политики ќе продолжиме и во наредниот период, заради подобри услови и обезедување на достоинствен живот за сите граѓани",истакна министерот Бочварски. 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube