Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Mинистерoт Николоски во Будимпешта оствари средба со Гелерт Жасзаи претседател на унгарската телекомуникациска 4IG Групација
01.08.2024

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во Будимпешта оствари средба со Гелерт Жасзаи претседател на унгарската 4IG Групација

 Николоски и Жасзаи разговараа за можностите за влез на “4iG Групацијата” на пазарот на телекомуникациски услуги во Македонија

 

За време на официјалната посета на Будимпешта, Унгарија, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, оствари продуктивна средба со Гелерт Жасзаи, претседател на “4iG Групацијата”.

На средбата оддржана во унгарската престолнина, претседателот на “4iG Групацијата” изрази силен интерес за анализа на условите за влез на телекомуникациски пазар во Македонија и нудење на услуги во мобилната и фиксна телефонија.  

Како истакната регионална ИТ и телекомуникациска компанија со докажана историја во поттикнување на дигиталната трансформација во различни сектори, оваа иницијатива е усогласена со стратегијата на “4iG Групацијата” за проширување на своето присуство во земјите од Западен Балкан.

„Веруваме дека воспоставеното искуство на “4iG Групацијата” во телекомуникациската индустрија, комбиниранo со нејзината стручност во регионални рамки, може ефикасно да се искористи и на македонскиот пазар. Оваа иницијатива ветува значителни придобивки за двете страни, а може да биде поволна особено за граѓаните на Македонија, бидејќи и Македонија и 4iG Групацијата делат заедничка визија за поврзано и дигитално напредно општество”, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

За време на официјалната средба, двете страни го истакнаа значењето и развојот на дигиталната инфраструктура заради економски и социјален напредок. Усогласувајќи се со плановите за одржлив развој на Македонија до 2030 година, претседателот на “4iG Групацијата” изрази интерес за соработка во проекти во комуникациска инфраструктура, истакнувајќи ги потенцијалните инвестиции во најсовремени технологии за подобрување на поврзаноста меѓу урбаните и руралните средини во Македонија.

Оваа иницијатива има за цел да го подобри искуството на клиентите, да промовира одржливост, да создаде нови можности за работа и да го стимулира економскиот раст.

„Имаме волја да придонесеме за развојот на телекомуникациски сектор во Македoнија и да поттикнеме позитивни промени преку технологијата.  Во однос на нашата амбиција за влез на македонскиот телекомуникациски пазар, во следните неколку недели ќе ја започнеме соработката со Владата на Македонија и нашата посветеност за овој процес да го формализираме во детали“, – истакна Гелерт Жазсаи, претседател на 4iG Групацијата, по разговорите со заменик претседателот Николоски. 

4iG Групацијата е вториот по големина телекомуникациски оператор во Унгарија и водечки ИТ систем интегратор, со растечко инвестициско портфолио во секторот на вселенска и одбранбена индустрија.  Во 2022 година, 4iG Групацијата се проширува на телекомуникациските пазари на Западен Балкан, воспоставувајќи значајни позиции во Црна Гора и Албанија преку лансирање на сопствениот телекомуникациски бренд - ONE .

Под брендот - ONE, подружниците на 4iG во Западен Балкан прават значителна трансформација и со тоа станува водечки бренд на  пазарот на 5Г мобилни услуги во  Црна Гора, додека ОNE – Албанија формирана преку консолидирање на албанските телекомуникациски компании станува  врвен телекомуникациски провајдер во земјата.

Покрај тековните инвестиции, 4iG Групацијата во соработка со Телеком Египет планира и инсталација на подводен кабел за пренос на податоци со висок капацитет за поврзување на Египет и Албанија. Овој проект може да донесе дополнителни придобивки за Македонија преку зајакнување на дигиталниот и економски раст на земјата.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube