Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Министерот Бочварски во Брисел на Министерски совет на Транспортната заедница: Потребна е забрзана изградба на транспортните коридори и силна поддршка од ЕУ
15.11.2022

Ве информираме дека министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, престојува во работна посета во Брисел, каде учествува на Министерскиот совет на Транспортната заедница за Западен Балкан, чиј домаќин е Европската Комисија и комесарката за транспорт, Адина-Јоана Вален.

 

На Советот се разговараше за напредокот на имплеметација на акциските планови во делот на патниот и железнички транспорт, транспортното олеснување и подигнување на безбедноста на патиштата во земјите од Западен Блакан. 

 

Во своето обраќање министерот Бочварски ја потенцира стратешката определба на Владата на Република Северна Македонија за изградба на патниот и железнички Коридор 8 со посебен акцент на доизградбата на железничкиот крак Исток – Запад за постигнување на ТЕН-Т стандардите на транспортната мрежа.

 

На средбата тој го нотираше Коридор 8 како значаен правец за регионалната интеграција и побара од  Европската Комисија,  истиот  да биде вметнат во единствениот Европскиот Коридор за Западен Балкан. 

 

„Имајќи предвид дека и во железничкиот и во патниот Коридор 8 недостасуваат делници кои треба да се изградат односно надградат за да бидат на ниво на барањата на ТЕН-T мрежата, ова бара време, но и огромни финансиски средства. Поддршката од ЕУ, поконкретно од Европската комисија е суштинска. И во оваа прилика ја бараме вашата поддршка во реализирање на нашето барање за влез на нашите коридори во основната ТЕН-Т мрежа, особено на западниот дел од Коридорот 8. Нотираме дека регионалната соработка во Западен Балкан е коориднирана и во однос на реализација за ТЕН-Т Коридорот 8 е на високо ниво.” - се обрати министерот Бочварски.

 

Како дел од акцискиот план, тој го истакна воспоставувањето на сигурен и безбеден транспорт преку изготвениот нацрт Закон за формирање на Агенција за безбедност како и воспоставувањето на Интелигентниот транспорент систем на Коридор 10.  За таа цел побара техничка и финаниска помош од Европската Унија.

 

„Исклучително би ценеле доколку ни се овозможи техничка помош за Агенцијата за безбедност за континуирана и одржлива поддршка во воспоставувањето и функционирањето на целокупниот систем за безбедност на патиштата во земјата на принциот на т.н. “Safe system approach“. Во исто време би сакал да потенцирам и за огромната потреба од финансиска поддршка во смисла на поголем пристап до грант средства, особено за сложените регионални инфраструктурни проекти.” - истакна министерот Бочварски.

 

Во делот на постигнување на Целите за услогласеност на Транспортната мрежа со ЕУ, министерот Бочварски нотираше дека Република Северна Македонија напредува со добра стапка која е на нивото како и земјите од Западен Балкан.

 

На состанокот покрај министерот Бочварски, присуствуваа и министрите за транспорт и инфраструктура од земјите од Западен Балкан, како и претставници од Владата на Грузија, Молдавија и Украина.

 

Во рамки на Министерскиот совет се потпиша и Декларација за воспоставувње на поблиска соработка во транспортниот сектор меѓу ЕУ, земјите од Западен Балкан и Грузија, Молдавија и Украина како чекор понапред во развојот на меѓународниот транспорт во Европа.

 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube