Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Министерот Бочварски се сретна со амбасадорот на БиХ
15.10.2020

Ве информираме дека министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари работна средба со Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Северна Македонија, Н.Е. Драган Јаќимовиќ.

На средбата се разговараше за капиталните проекти што се реализираат во Република Северна Македонија, со посебен фокус на изградбата и модернизацијата на Пан-европските Коридори 8 и 10 кои се од стратешко значење за развој на Регионот и негова интеграција во Европската Унија. Министерот Бочварски истакна дека Владата е силно посветена на унапредување на целокупната инфраструктура во државата и додаде дека градежните активности, и покрај Ковид-кризата со која се соочуваме, се одвиваат со добра динамика.

„Со Амбасадорот Јаќимовиќ разговаравме за сите крупни капитални инвестиции што ги реализираме во нашата држава, а се од огромно значење за регионалното поврзување и интензивирање на економската соработка меѓу земјите од Регионот. Ги презентирав тековните и планираните проекти за изградба и рехабилитација на патниот и железничкиот Коридор 8 и сите активности што ги преземаме во насока на негово што поскоро комплетирање. Исто така, разговаравме и за Проектот за локални патишта и  планот за имплементација на Интелигентен транспортен систем. Споменав и дека во изминативе две години целосно ја унапредивме патната мрежа на Коридор 10 преку изградба и рехабилитација на патните делници и воведувањето на електронска наплата на патарините. Во текот на средбата го разгледавме и прашањето за воспоставување на директна авиолинија помеѓу Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина, во насока на развој на туризмот и авиосообраќајот, интензивирање на соработката меѓу двете земји и зајакнување на пријателските односи“ – изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

На средбата стана збор и за мерките и активностите што двете земји ги преземаат со цел да ги намалат последиците од Ковид-кризата, да ја стимулираат економијата и да обезбедат непречен транспорт.

Министерот Бочварски изрази благодарност за досегашната соработка со Босна и Херцеговина и желба за интензивирање на пријателските односи и економската соработка.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube