Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Министерот Бочварски се обрати на настанот по повод Меѓународниот ден на Власите
21.05.2023

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска се обрати на настан по повод Националниот ден на Власите во организација на Меѓународниот сојуз на Власите во Македонија.

 

Во продолжение интегралното обраќање на министерот Бочварски.

 

„Осoбена е честа и задоволство денеска заедно да го прославиме Националниот ден

на Власите.

 

Власите од целиот свет се навраќаат и се сеќаваат на своето славно минато, ги слават

своите славни историски имиња, но изразуваат и голема благодарност на народите со кои

живеат со векови и кои во одредени историски периоди помогнале во нивното

битисување.

 

Огромна е улогата на Власите во историските настани на немирниот Балкан. Историјата

запишала дека во времето кога се создавале новите национални балкански држави, овие

потомци на овој стар народ, биле рамо до рамо со сите херои. Во своето постоење биле

и дел од граѓанскиот сталеж и интелктуалната, политичката и економската елита на овие

простори.

 

Јас сум роден сум и израснат во Штип, град во кој што живеат многу Власи. Имам многу

другари и пријатели Власи и можам да кажам дека тоа се добри домаќини, еснаф луѓе,

вредни и прекрасни пријатели. И можам слободно да спомнам дека највпечатлив дел од нивната традиција е свадбеното знаме без кое не се започнува ниту една влашка свадба.

 

Почитувани пријатели,

 

Република Северна Македонија е држава која ги почитува различностите и ги применува

препораките на Советот на Европа од Резолуцијата 1333 усвоена во 1997 година со која

Комитетот на министри ги повикаа државите во кои живеат Власи активно да се вклучат

во проекти за зачувување на влашкиот јазик како културно богатство на Европа. А Европа

е иднината на оваа наша заедничка држава. И сега ја имаме шансата да им овозможиме

на нашите деца подобар живот. Успехот со членството во НАТО и почетокот на преговорите со Европската Унија ни отвораат нови можности и перспективи. Тоа е процес

кој значи напредок за државата, реформи кои ќе создаваат европски институции, стабилност и предвидливост на економските текови, повеќе странски инвестиции, повеќе

работни места, со еден збор подобар стандард за граѓаните.

 

Во времиња на предизвици важно е единството на граѓаните. Убеден сум дека и денеска и во иднина, Власите заедно со Македонците, Албанците, Турците, Србите, Ромите, Бошњаците и сите останати ќе бидат прогресивен елемент и фактор на стабилност во просперитетна и европска Македонија.

 

Нека е честит и вековит Националниот ден на Власите!“



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube