Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Министерот Бочварски присуствуваше на распределба на социјалните станови во Неготино
08.11.2023

Министерството за транспорт и врски денеска изврши прелиминарна распределба на социјалната зграда во Неготино.

Право на учество на јавниот повик за распределба имаа деца без родители или родителска грижа, со навршени 18 години кои до исполнување на полнолетство биле згрижени во институции за деца без родители, корисници на право на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни непогоди, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, социјално загрозени лица - припадници на Ромска заедница и самохрани родители со малолетни деца.

Согласно критериумите објавени во јавниот повик,  51 семејство ги исполнија условите за добивање на социјален стан.

„Особено сум задоволен кога гледам дека политиките кои ги водиме носат резултати. Ова е пример за нашата вистинска грижа, за обезбедување на хумани услови и достоинствен живот за граѓаните на кои тоа им е најпотребно. Тоа е наша обврска, среќни и задоволни граѓани е наша мотивација повеќе да работиме на подобрување на животниот стандард  и подобра иднина за сите.  Денеска извршивме распределба на становите во Неготино. Во наредниот период тимови ќе извршат теренски увид кај семејствата кои се наоѓаат на оваа листа, по што ќе биде утврдена конечната листа на семејства кои ќе добијат станови во оваа зграда. Остануваме максимално посветени на нашите граѓани и на реализацијата на вакви проекти со кои даваме поддршка на најранливите семејства во земјата”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Распределбата на социјалните станови е согласно владините политики за станбено домување на ранливите  категориии на граѓани. До сега се распределија социјални станови во Гевгелија, Демир Капија, Гостивар, Свети Николе, Виница, Пробиштип и Македонски брод.

Во фаза на изградба се социјални станови во Велес, Кочани Бутел и Дебар

За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube