Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Министерот Бочварски на средба со евроамбасадорот Дејвид Гир: Поддршката од Европската унија е значајна за модернизација на инфраструктурата во земјава
23.03.2022

Поддршката што ја добиваме од Европската Унија за инфраструктурните проекти е многу важна за развој на домашната економија, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.

Министерот Бочварски го запозна амбасадорот Гир со реализацијата на капиталните проекти што се финансираат со поддршка на Европските фондови, а пособен фокус ставија на изградбата на железничката пруга кон Република Бугарија.

Изградбата на пругата има регионално значење заради завршување на Паневропскиот Коридор 8 и од тие причини сме силно посветени заедно со колегите од Бугарија на неговото завршување, потенцираше министерот Бочварски.

"Поддршката од нашите ЕУ партнери е многу значајна за развој на нашата земја. Средствата што ги добиваме преку ИПА компонентите ефикасно ги користиме за модернизација на инфраструктурата. Соработката што ја имаме е на одлично ниво. Остануваме фокусирани на реализација на нашите проекти и покрај големите предизвици со кои се соочуваме." - изјави министерот Бочварски.

Министерството за транспорт и врски останува посветено на реализација на инфраструктурните проекти заради подобро регионално поврзување и интегрирање во системот на транспортни коридори на Европската Унија.

 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube