Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Министерот Бочварски и градоначалникот на општина Кривогаштани Мискоски потпишаа договори за реконструкција на локални улици во општината
29.06.2023

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на општина Кривогаштани Николче Мискоски, го потпишаа договорот за реконструкција на локални улици во општина Кривогаштани, проект што се реализира преку Министерството за транспорт и врски.

Вкупните средства за реконструкција на локалните улици изнесува над 230 илјади евра, истите се обезбедени преку Владата на Република Северна Македонија за проектот  “Поврзување со локaлни патишта во општините”

Реконструкцијата започнува следниот месец а градежните работи ќе завршат до крај на годината.

„Преку директни грант средства до општините овозможуваме подобри услови за живот на граѓаните и урбан развој на општините. Денеска со градоначалникот го потпишавме договорот за реконструкција на две улици во општината и сигурен сум дека со ова обезбедуваме огромен бенефит за граѓаните во Кривогаштани.  Општина Кривогаштани преку овој проект на располагање има околу 570 илјади евра за рехабилитација на локалната патна мрежа. Како одговорна Влада со силно темпо продолжуваме со реализација на овој проект се со цел да им помогнеме и да го промениме ликот на општините,” истакна министерот Бочварски.

Преку проектот за рехабилитација на локалната патна мрежа во општините, до сега опфатени се преку 150 локални патишта во преку 60 општини во државата.

Министерството за транспорт и врски останува силен поддржувач на локалните самоуправи се со цел локален економски и урбан развој во општините во Република Северна Македонија.

 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube