Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Министерот Бочварски го презентираше Правилникот за урбанистичко планирање пред стручната јавност
10.09.2020

Ве информираме дека министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари работна средба Деканот на Архитектонски факултет и професори од Факултетот, со претставници на Комората на овластени инженери и архитекти како и претставници од  Асоцијацијата на архитекти.

На средбата, Министерот ги информираше присутните за новиот Правилник за урбанистичко планирање кој е изготвен и ќе се стави во функција идната недела.

Правилникот ги утврдува стандардите и нормативите за урбанистичко планирање со кој се обезбедува рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот преку ефикасно зачувување на просторните ресурси, се создава унапредување на условите за хумано живеење, се сочувува квалитетот и се унапредува животната средина како и недвижното културно наследство.

Министерот Бочварски потенцираше дека со новиот Правилник се обезбедува создавање и на ефикасни инфраструктурни мрежи.

“Реформата во урбанизацијта на просторот е клучна за развојот на општините и генерално за државата и токму со ставање во функција на овој Правилник за урбанистичко плнирање ќе овозможиме ефикасно и рационално уредување на просторот со запазување на сите стандарди.  Верувам дека општините со нетрпение го очекуваат Правилникот за да може да започнат со урбанизација на нивните општини според новиот Закон за урбанистичко планирање кој е креиран да обезбеди голема транспарентност и учество на сите засегнати страни во процесот од планирање па се до носење на плановите. Заради тоа денеска остварив средба со преставници на дел од институции кои партиципираа во изготвување на Законот и Правилникот,  го презентирав и најавив дека веќе од идната недела ќе го ставиме во функција. Очекувам дека реформата во градежништвото и урбанизацијата ќе даде позитивни резултати за развој на целокупното општество”, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Законот за урбанистичко планирање е прв од реформските закони што се започнати во делот на земјишната политика, а со кои се има за цел да се унапреди планирањето на просторот и да се поттикне градежништвото.

Притоа со Законот се воспоставени нови правила на вклученост, транспарентност, стручност и отчетност на сите чинители во процесот на изработување, донесување, спроведување и надзор над урбанистичките планови,  пракса која за прв пат се јавува во оваа дејност и е единствена опција за решавање на состојбите во урбанизмот.

Би сакале да потенцираме дека во изработката на Законот за урбанистичко планирање и Правилникот за урбанистичко планирање беа вклучени сите надлежни институции, Асоцијации, Комори и граѓански здруженија за што се оддржаа и неколку јавни расправи. Во тој контекс ги упатуваме сите заинтересирани во следниот период да се јават во Министерството за транспорт и врски заради нивно запознавање со Законот и Правилникот.

 

 

Со почит

Министерство за транспорт и врски



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube