Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Китанов: Реализиравме 48 милиони евра капитални инвестиции во првиот квартал во 2019 или преку 200 проценти повеќе отколку минатата година.
01.04.2019

За три пати повеќе имаме реализација на капиталните инвестиции овој квартал од 2019 година или вкупно 48 милиони евра за разлика од минатата година истиот период кога реализиравме само 15 милиони евра, истакна денеска на прес конференција, директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов.

Директорот Китанов потенцираше дека минатата година посебно се работело на експропријацијата за да се овозможи оваа 2019 година да се засилат градежните активности на патиштата.

“Имаме преку 200 проценти зголемување на реализација на проектите во првиот квартал од оваа година, во споредба со првиот квартал од 2018 година. Во овој момент,  Јавното претпријатие за државни патишта, работи на вкупно 94 проекти, со вкупна должина од преку 700 километри патишта, на мостови и патарини со вкупна вредност од преку 850 милиони евра”, изјави директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов.  

Само во овој квартал започната е изградба на експресни патишта, мостови, како и рехабилитација на магистрални и регионални патишта со вкупна вредност од 88 милиони евра и вкупна должина од преку 360 километри патна мрежа.

Тој додаде дека од почетокот на година заклучно со крајот на март, регистрирана е  наплата на патната такса во висина од  7,7 милиони евра, што е за 6, 2 % повеќе во споредба со истиот период 2018 година.

 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube