Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
ЈАВЕН  ПОВИК за доставување на барање за доделување на финансиска поддршка за воведување на нова/нови дестинација/и од аеродромите во Република Северна Македонија
06.09.2024

Врз основа на член 49 од Законот за воздухопловство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 14/24) и членовите 7 и 9 од Уредбата за начинот, поблиските критериуми за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници и потребната документација која треба да се достави од корисниците на финансиската поддршка („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 182/24), Комисијата за спроведување на постапката за доделување финансиска поддршка објавува

 

Ј А В Е Н  П О В И К

за доставување на барање за доделување на финансиска поддршка за воведување на нова/нови дестинација/и од аеродромите во Република Северна Македонија

 

Предмет на овој јавен повик е доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници за воведување на нови дестинации.

Давател на финансиската поддршка е Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за транспорт.

Периодот на доделување на финансиската поддршка е согласно Програмата за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Северна Македонија на домашни и странски превозници за периодот 2025-2027 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 182 /24) и тоа:

- 110.000.000,00 денари за 2025 година,

- 125.000.000,00 денари за 2026 година и

- 125.000,000,00 денари за 2027 година.  

  1. Доделувањето на финансиската поддршка се врши по пат на јавен повик, како постапка за спроведување на јавен повик за доделување на финансиската поддршка.
  2. Документацијата за барање за учество во постапката за доделување на финансиска поддршка може да се подигне секој работен ден од 10:00 до 15:00 часот по локално време, во Министерството за транспорт на ул. Црвена Скопска Општина бр.4, 1000 Скопје, Република Северна Македонија, за времетраење на овој повик или може да биде доставена по електронски пат или да се преземе од официјалната веб страница на Министерството за транспорт.
  3. Рок за доставување на барањето за учество во постапката за доделување на финансиска поддршка е 07.10.2024 година до 10:00 часот по локално време, во архивата на Министерството за транспорт. Барањата доставени по истекот на предвидениот рок нема да бидат разгледувани.
  4. Јазик на кој треба да биде доставена документацијата за барање за учество во постапката за доделување на финансиска поддршка е македонски јазик или англиски јазик со заверен превод на македонски јазик (од овластен судски преведувач).
  5. Јавното отворање ќе се одржи на ден 07.10.2024 година во 12:00 часот по локално време на локацијата наведена во документацијата за барање. Право на присуство на јавното отворање имаат лица овластени од барателите.
  6. Доставените барања ги разгледува Комисија за спроведување на постапката за доделување финансиска поддршка, составена од номинирани претставници на Министерството за транспорт, Министерството за култура и туризам и Агенцијата за цивилно воздухопловство. Со работата на Комисијата претседава член од Министерството за транспорт.
  7. Комисијата за спроведување на постапката за доделување финансиска поддршка, во текот на разгледување на барањата може да побара од барателите дополнување или појаснување на доставената документација.
  8. Доказите и документацијата кои на барателот му се потребни за докажување на личната состојба,професионалната состојба, професионалната дејност, економско-финансиската состојба и техничката или професионалната способност се дадени во документацијата за барање.
  9. Авиопревозникот за да може да се квалификува како барател на финансиска поддршка, треба да ги исполни следните услови:

- да има важечко уверение за исполнување на безбедносни услови за вршење на јавен воздушен превоз (AOC - Air Operator Certificate),

- да има превезено, односно опслужено најмалку пет милиони патници во 2023 година и

- да има остварено профит од најмалку 10.000.000,00 (десет милиони) евра во 2023 година.

  1. Авиопревозникот кој е избран за корисник на финансиска поддршка треба:

- секоја нова дестинација воведена од/до „Меѓународен  аеродром  Скопје“  и  аеродромот  „Св.  Апостол Павле“ – Охрид за периодот за кој се доделува финансиската поддршка, согласно доставеното барање, да ја опслужува најмалку два пати неделно во секоја од ИАТА сезоните, по однапред определен ред на летање од нејзиното воведување до завршување на периодот за кој се доделува финансиската поддршка, освен за неделата во која се паѓаат Нова година и верските празници католички и православен Божиќ,

-  да  изработи  план  за  промоција  и  маркетинг  кој може да биде предмет на промени по укажување на давателот на финансиската поддршка и

-  на  секои  шест  месеци  да  доставува  Извештај  за своето работење  до  Министерството  за  транспорт.

  1. Финансиската поддршка ќе  се  доделува  согласно критериумите  за  рангирање  на  новите  дестинации  и тоа по следниот редослед:

- период на оперирање на дестинацијата;

- број на неделни летови;

- атрактивност на аеродромот, односно аеродром со поголем број на опслужени патници во 2023 година, според јавно достапните податоци на аеродромите и

- број на седишта понудени на продажба.

  1. При исти барања согласно погоренаведените критериуми за рангирање на новите дестинации, ќе се примени принципот на првенство при поднесување на барање за доделување на финансиска поддршка.

По извршеното рангирање, Комисијата ќе изврши пресметка на потребните средства за секоја нова дестинација согласно планираните трошоци кои авиопревозникот задолжително ги внел во Оперативниот план доставен со Барањето за финансиска поддршка и ќе утврди заклучно со која дестинација од ранг листата ќе го затвори повикот.

  1. 1 За нова дестинација се смета аеродром кој не бил опслужуван со редовен воздушен превоз во последните две ИАТА сезони од/до „Меѓународен аеродром  Скопје“  и „Св. Апостол Павле“ – Охрид.
  2. Финансиската поддршка во однос на нова дестинација е во износ од:

- 9 евра по патник во доаѓање во денарска противвредност по среден курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на изготвување на барањето за плаќање, за патници превезени до „Меѓународен аеродром Скопје“ за новата дестинација и

- 12 евра по патник во доаѓање во денарска противвредност по среден курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на изготвување на барањето за плаќање, за патници превезени до аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид за новата дестинација.  

  1. Комисијата за спроведување на постапката за доделување финансиска поддршка во рок од 60 дена од денот на јавното отворање, врши евалуација на барањата и изготвува Извештај од спроведената евалуација, кој го доставува до министерот за транспорт кој донесува решение врз основа на Извештајот, по што авиопревозниците кои се на ранг листата ќе бидат поканети да склучат договори за финансиска поддршка.

Во прилог јавниот повик: 

MKD - Javen Povik za finansiska poddrska na avioprevoznici.docx

ANG - Open Call 2024.docx

Application Documentation_06 09 2024.docx

/media/files/2024/Dokumentacija za baranje_06 09.2024 MKD.docx.doc

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Aдреса:

Министерство за транспорт,

ул. Плоштад Црвена Скопска Општина бр.4, 1000 Скопје, Република Северна Македонија

Tелефон: +389 2 3145 592

E-mail: mtcfinancial.support@mtc.gov.mk

Веб страна: www.mtc.gov.mk

 

 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube