Согласно Закон за превоз во патниот сообраќај, Министерството за транспорт закажува датум за полагање на:
Испит за добивање сертификат за ОБУЧУВАЧ за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен превоз на патници и стока кој ќе се одржи на:
25.02.2025 година
од 15:00 часот
Испит за добивање сертификат за ОБУЧУВАЧ за професионална компетентност на лице одговорно за превоз кој ќе се одржи на:
25.02.2025 година
од 15:00 часот
Пријавувањето за полагање на испитот се врши со поднесување пријава на кандидатот до архивата на Mинистерството за транспорт. најдоцна три дена пред одржување на испитот,
Кандидатите кои поднесуваат пријава за полагање на испит за добивање сертификат за ОБУЧУВАЧ за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен превоз на патници и стока, потребно е да приложат доказ за завршено високо образование од областа на економски, правен, сообраќаен или машински факултет.
Кандидатите кои поднесуваат пријава за полагање на испит за добивање сертификат за ОБУЧУВАЧ за професионална компетентност на лице одговорно за превоз, потребно е да приложат доказ за завршено високо образование од областа на економски, правен, сообраќаен или машински факултет- смер возилa.
Испитите ќе се одржат во простории кои се наоѓаат во Градежен Факултет - Скопје.