Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
ИЗВРШЕНА РАСПРЕДЕЛБА НА СОЦИЈАЛНИ СТАНОВИ ВО КОЧАНИ И МАКЕДОНСКИ БРОД
13.11.2018

Комисијата за распределба на станови за социјално ранливи категории на граѓани составена од вработени во Министерството за транспорт и врски и од Министерството за труд и социјална политка, изврши прелиминарна распределба на вкупно 53 станови и тоа:

-  43 станови во општина Кочани во станбена зграда на улица Ѓорче Петров“ број на зграда 2, 

-  и 10 станови во општина Македонски брод, во станбена зграда на улица Партизанска, број на зграда 1,  изградени по програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на Република Македонија.

Според огласот што Министерството за транспорт и врски го објави во јули годинава, право на учество имаа седум категории на граѓани и тоа:

1.  Деца без родители или родителска грижа –лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители.

2.  Корисници на социјална или постојана парична помош.

3.  Лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни  (примарни) живеалишта.

4.  Инвалидни лица и лица на кои им е потребна помош и грижа од друго лице и семејства со инвалидизирани лица.

5.  Лица припадници на Ромската заедница социјално загрозени (согласно “Стратегијата за ромите на Република Македонија“)

6.  Самохрани родители со малолетни деца и

  1. Слепи лица корисници на социјална или постојана парична помош

Според тоа, до крајниот рок за поднесување на потребната документација, во Центарот за социјални работи во Кочани аплицирале вкупно 76 граѓани, од кои валидна документација имале 60 граѓани. До Центарот за социјални работи во Македонски Брод аплицирале вкупно 42-ца граѓани, од кои валидна документација имале 25.

Сакаме да информираме дека распределбата е прелиминарна и не е конечна. Комисијата веќе започна со увид кај лицата кои се наоѓаат на прелиминарната листа. По извршениот увид, ќе се утврди конечната листа со добитници на овие станови.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube