Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Градежништвото на крстопат, искуства и нови предизвици
02.11.2023

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, Андреа Серафимовски, претседател на Здружението за градежништво при Стопанската Комора и проф. д-р Горан Марковски, декан на Градежниот факултет се обратија на панел дискусијата насловена како „Градежништвото на крстопат“ во рамки на Првата Конференција за патна инфраструктура.

 

Министерот Бочварски истакна дека Министерството за транспорт и врски како носител на политиките, изминатите неколку години има направено многу за градежната индустрија и за стручната фела, преку носење на Правилникот за урбанистичко планирање, на Тарифникот на проектантските услуги, а информираше дека веќе е изготвен и новиот Закон за градење.

 

„Градежништвото во државата се наоѓа на крстопат, од аспект на проектите што до сега ги реализиравме, како тие се реализираа и како треба да се одвива реализацијата на проектите во иднина. Промените во концептот на изградба на инфраструктурата ги носиме, готов е и новиот Закон за градба. Проектирањето и градењето мора да одат паралелно со цел побрза и поефикасна реализација и проектирање во реално време. Еве ќе дадам пример зошто ни е потребен тој нов концепт во делот на градењето. Проектирањето на автопатот Кичево – Охрид започнало во 2002 година, а неговата изградба на терен започнува во 2013 година, значи после повеќе од 10 години. Во меѓувреме, на трасата настанале промени, се изградил резервоар за вода во Кичево, далековод и очекувано во текот на изградбата се јавиле голем број проблеми. Со новиот концепт на паралелно проектирање и изградба ќе ги немаме овие проблеми и верувам дека тоа е вистинскиот начин за да имаме ефикасна и квалитетна реализација на проектите.“ – изјави министерот Бочварски.

 

Директорот Ејуп Рустеми во своето излагање се фокусираше на реализацијата на капиталните инвестиции.

 

„Реализираме значајни инвестиции, работиме на голем број проекти, градиме автопати, градиме експпресни патишта, а градиме и рехабилитираме и регионални и магистрални патни правци низ целата држава. Успеавме до сега да имаме 65% реализација на капитални инвестиции, што е рекордно ниво за Јавното претпријатие. Со ова Владата покажува дека силно се залага и инвестира во патната инфраструктура. Оваа дебата тука е од голема полза, бидејќи преку јавна дискусија мораме да ги отвораме сите прашања околу предизвиците што ги имаме на проектите кои ги реализираме, мораме да останеме транспарентни пред граѓаните.“ – истакна директорот на ЈП за државни патишта, Рустеми.

 

Претседателот на Здружението за градежништво при Стопанската Комора, Андреа Серафимовски, се осврна на влијанието на градежништвото врз националната економија.

 

„Државата се наоѓа во силен инвестициски циклус и ние како Комора го поздравуваме тоа што Владата и државата решија да инвестираат токму во инфраструктура бидејќи сметам дека тоа е вистинскиот пат кон подобро и поефикасно градежништво и развиена економија. Градежништвото има сериозно учество во брутодомашниот прозивод. Мораме да ги искористиме можностите кои ги дава овој сектор, со цел посилен развој на економијата, а исто така мораме да бидеме сите на јасно, развојот и растот на градежништвото и економијата зависи и од тоа колку нашите македонски компании работат на големите проекти во државата.“ – истакна претседателот на Здружението, Серафимовски.

 

Деканот на Градежниот факултет, проф. д-р Горан Марковски, посочи дека оваа Конференција е вистинска можност за да се поразговара за предизвиците со кои се соочува градежниот сектор при реализација на капиталните проекти во државата.

 

„Мислам дека во овој момент поголем проблем имаме во однос на создавањето на новите кадри во градежништвото. Инженери многу тешко се создаваат. Драстично е намалена бројката на запишани студенти на Градежниот факултет. А тоа е иднината на градежништвото. И затоа ова не би го нарекол градежништвото на крстопат, туку градежништво во надолнина и мораме да најдеме решение за ова. Во однос на реализацијата на големите инфраструктурни проекти, верувам дека треба да ја смениме перцепцијата на јавноста која смета дека 3-4 години се доволно за нивна изградба. Не, реализацијата на проектот не започнува кога багерот ќе се појави на терен, туку реализацијата на проектот започнува уште многу поодамна, со изработка на физибилити студии, идејни проекти, па основен проект, меѓу нив тендери за избори на проектант, па избор на изведувач, а за сето ова треба многу знаење и време. Нас ни требаат квалитетни, а не избрзани проекти.“ – истакна деканот Марковски.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube