Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Експресниот пат Штип-Радовиш во завршна фаза
13.05.2020

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, денеска извршија увид во изгардба на експресниот пат Штип-Радовиш.
Во прилог интегралната изјава на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески: 

Ако оваа Влада покажа како се гради во државата, тоа најубаво може да види за овој експресен пат Штип-Радовиш.  Изградбата на овој експресен пат е пример како треба да се реализираат капиталните инвестиции во државата.

Ние со директорот многу неколку пати вршиме увид во изградбата на овој многу значаен правец и  слободно можам да изразам огромно задоволство како се реализира овој крупен капитален проект. Динимиката е одлична и очекуваме да биде завршен и пред рокот предвиден за тоа, во 2021 година.

Со изградбата на овој експресен пат ќе го подигнеме животниот стандард на преку 170 илјади жители на Југоисточниот регион, значаен е и за Штип и околината. Од него ќе имаат бенефит не само граѓаните туку и околу 12.000 фирми кои дејствуваат во овие регион.

Со експресниот пат создаваме брза патна врска меѓу Југоистокот и централниот дел на државата, отвораме можност за влез на нови инвеститори, но и подобра комуникација меѓу граѓаните.  Остануваваме со нашите стратешки планови да овозможиме брза патна врска до границата со соседна Бугарија.

Капиталните инвестиции во штипскиот регион надминуваат преку 100 милиони евра.  Нашите заложби за развој на овој регион се видливи.  Покрај експресните патишта што се градат, значително инвестираме и во гасификацијата, локланите улици, изградба на канализации и водовди и други капитални проекти со кои го подобруваме животот на граѓаните.

Сосема е јасно дека квалитетната инфраструктура има клучна улога за оддржување на економскиот развој во овие услови на здравствена и економска криза во државата, затоа ние како Влада ќе продолжиме континуирано да го поттикнуваме развојот на сите региони и заеднички со општините да соработуваме за посилна економија и подобар живот на граѓаните.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube