Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Донесен нов Закон за урбанистичко планирање
07.02.2020
На денешната прес конференција, министерот за транспорт и врски го презентираше новиот Закон за урбанистичко планираше што беше изгласан во од страна на пратениците во Парламентот.

Во продолжение интегралното обраќање на министерот Сугарески: 

"Најпрво сакам да се заблагодарам на Пратениците што покажаа конструктивност, на претседателката и членовите од Комисијата за транспорт и врски и екологија, што сите заедно покажавме како треба да соработуваме во насока на заштита на државните и интересите на граѓаните.

Законот за урбанистичко планирање е дел од реформските закони што ги започнавме во делот на земјишната политика, а со кои имаме цел да го унапредиме  планирањето на просторот и да го поттикнеме градежништвото.

Донесовме нов современ, стручен и европски закон со кој овозможуваме  просторен и економски развој на државата.

Новиот Закон за урбанистичко планирање нуди полесни решенија во делот на изработка на урбанистичките планови и со него конечено ќе ги надминеме коруптивните влијанија што ги имаше претходно во оваа дејност.

Притоа воспоставуваме нови правила на  вклученост, транспарентност, стручност и отчетност на сите чинители во процесот на изработување, донесување, спроведување и надзор над урбанистичките планови, што за прв пат се јавува во оваа дејност и е единствена прифатлива опција за решавање на состојбите во урбанизмот.

Донесениот Закон се заснова на начелата на уставност, законитост, транспарентност и ефикасност.

Во тој контект, во него се содржани основните цели и начела кои се применуваат при урбанистичкото планирање и уредување на просторот, и тоа:

  • рамномерен просторен развој
  • рационално уредување и користење на просторот
  • создавање и унапредување на условите за хумано живеење и работа на граѓаните
  • надминување на урбаните бариери на лицата со инвалидитет
  • сочувување на квалитетот и унапредување на животната средина и природата
  • сочувување и заштита на недвижното културно наследство
  • интегрален пристап во планирањето
  • грижа и развој на регионалните особености
  • грижа за остварување на јавниот интерес и заштита на приватниот интерес
  • заштита од природни и технолошки катастрофи и хаварии
  • јавност во постапката за изработување, донесување и спроведување на плановите
  • инклузивност и партиципативност во постапката за изработување, донесување и спроведување на плановите

Во продолжение сакам да прецизирам дел од основните решенија на овој Закон.

Со овој Закон излегуваме во пресрет на Општините и ги поедноставуваме постапките за донесување на плановите особено за Урбанистичките планови за села.

Постапките ги правиме потранспарентни за граѓаните, со тоа што уште на почеток од постапката за донесување на било кој план, надлежниот орган јавно ја истакнува планската програма на веб страната од општината.

Заради обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност при урбанистичкото планирање уредуваме јавната анкета да трае најмалку 30 дена до најмногу 90 дена.

Понатаму, органот што го носи планот задолжително формира тело во кое ќе ги вклучи сите заинтересирани страни и интересни групи од локалната заедница, истото има право да расправа и може да влијае на планските решенија и политиките на просторен развој во општината.

Исто така во делот на скратување на постапките по прв пат дефирнираме  рокови во постапката за донесување на план и тоа:

  • 18 месеци за изработување и донесување на Детален урбанистички план и Урбанистички план за вон населено место
  • 36 месеци за изработување и донесување на Генерален урбанистички план, Урбанистички план за село и Урбанистички план за градби и подрачја од државно значење
  • 48 месеци за изработување и донесување на Генерален урбанистички план за градот Скопје.

Во случај на непочитување на овие рокови од неоправдани причини имаме уредено прекршочни одредби.

За прв пат со новиот Закон предвидуваме и:

  • постапка за ГУП за град со плански опфат до 400 хектари во кој целиот плански опфат може да биде разработен и како ДУП, а кој претставува составен дел на ГУП-от. Со ова малите градови истовремено добиваат и ГУП и ДУП.

 

  • предвидуваме синхронизирана постапка за донесување на план, на пример кога изменувањето и дополнувањето на деталниот урбанистички план е условено со изменувањето и дополнувањето и на генералниот урбанистички план и сл. Оваа постапка практично најмногу ќе им биде од корист на Општините во град Скопје и Град Скопје.

 

  • Исто така предвидуваме обединета постапка со која истовремено се изработува и донесува генерален урбанистички план и најмалку еден детален урбанистички план во границите на планскиот опфат од генералниот урбанистички план.

  • Воведуваме Супендирање на план со рок не подолг од една година. Во тој рок од една година додека е суспендиран планот, органот треба да донеси нов план. 

 

  • Го зајкнуваме инспекцискиот надзор и надлежностите на ДИГУ со воведувањето на регионални урбанистички инспектори. Тоа значи дека со новиот закон, надзор над плановите ќе може да врши Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, бидејќи до сега никој не вршеше надзор.

Крајната цел на урбанистичкото планирање е уредување и хуманизација на просторот, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и социјалната, економската и еколошката одржливост на човечките населби. Според тие начела е искреиран и донесен овој Закон за урбанистичко планирање.

Друга работа што сакам да ја потенцирам е следново.  Низ овој период често слушавме како Министерствоото и јас како Министер сме доцнеле со носење на законот, сме го кочеле процесот и така натаму.

ТОА НЕ Е ТОЧНО. 

Повеќе од година и половина се креираше овој закон. Сакавме да воспоставиме една пракса во носење на вакви курцијални закони.

По секој цена не сакавме да креираме и донесеме Закон кој ќе беше штетен како и претходните. Затоа година и половина, целата стручна јавност, граѓаните преку граѓанските организации, образовните институции и сите други чинители вклучени во оваа проблематика учествуваа во креирање на овој нов Закон.

Во Собранието на мое барање одржавме и Јавна расправа пред донесување на Законот, се формираше и посебна работна група на која се усогласуваа сите амандмани што беа поднесени за подобрување на текстот од овој Закон.

За на крај сите заеднички да креираме едно законско решение кое ќе биде во функција на заштита на државните интереси, заштита на граѓанските интереси и животната средина.

Реформата во земјишната политика не застанува тука,  активно работиме на изготвување и на нов Закон за Градење и уверувам дека во иста таква постапка и овој Закон ќе биде донесен", изјави министерот Горан Сугарески. 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube