Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: Нова линија Киев-Скопје, овој месец започнува уште една авиолинија кон Абу Даби
06.12.2020

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски заедно со генералниот директор на ТАВ Мкедонија,  Метин Батак и амбасадорот на Украина во Република Северна Македонија, Наталија Задорожњук, присуствуваа на воспоставување на првата авиолинија Киев - Скопје.

Министерот Бочварски истака дека оваа линија е доказ на добрата соработка меѓу Република Северна Македонија и Украина и потенцираше дека со оваа линија се отвораат нови можности за нашите граѓани во областа на економијата, туризмот, културата и други полиња на интерес меѓу двете земји.   

Во продолжение обраќањето на министерот Бочварски:

‘Денеска на наше заедничко задоволство, започнуваме нова фаза во развој на авиосообраќајот во Република Северна Македонија.

Иако овој сектор е силно погоден од Корона кризата, сепак успеваме онаму каде што државите ги олеснуваат протоколите за влез и излез,  да воспоставиме нови или да ги одржиме веќе воспоставените авиолинии. Воспоставувањето на оваа линија од токму доказ за тоа.   Авиолинијата Киев - Скопје е само потврда на нашата добра  соработка со Украина. Би сакал да се заблагодарам на амбасадорката за тоа што Република Северна Македонија е избрана за дестинација за соработка.

Исто така честитки и за авиокомпанијата Виндроуз, што во ова време на Ковид криза се одлучи токму Скопје и Република Северна Македонија да ги стави на својата мапа на дестинации.

Воспоставувањето на оваа линија веруваме дека  е од огромно значање и за двете земји, бидејќи се отвораат бројни можности за унапредување на соработката во делот на економијата, туризмот, културата, инвестициите како и други области што ни се од заеднички интерес.

Тоа се совпаѓа со определбите на оваа реформска Влада за обезбедување на услови за привлекување на странски инвестиции во функција на развој на нашата земја.

Дополнително, се отвораат бројни можности и за домашните компании за проширувње на сопствените бизниси и пласирање на производите на нови пазари. 

Изминатите години домашните аеродорми бележеа рекорден број на превезени патници. Тоа е само потврда дека капацитетите на аеродормите не се искористени во целсот.

Токму нашите заложби како Влада е да создаваме услови за влез на авиокомпании кои ќе понудат нови дестинации за македонските граѓани.

Веќе можам да најавам дека од 16 овој месец ќе се воспостави и авиолинијата кон Абу Даби преку авиокомпанија Визер.

Она што сакам да потенцирам е фактот дека Владата кон сите авиокомпании кои работат на македонскиот пазар гледа како сериозен партнер во насока на развој на авиосообраќајот во земјата.

И во таа насока ќе продолжиме да работиме.

За следната година од буџетот на Министерството предвидени се 69 милиони и 500 илјади денари за финансиска поддршка за нови авиолини.

Очекуваме дека земјите полека ќе ги ослободуваат мерките од Ковид, а ние постепено ќе го вратиме авиосообраќајот на ниво од претходните години”, истакна министерот Бочварски.  



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube