Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски за МИА: Законските измени значат побрза изградба на делниците на Коридор 8 и 10д и побрзи економски ефекти
30.04.2023

Законските измени ќе ни овозможат повеќе работа на терен, побрза реализација на проектот во рокот што го побара Владата од компанијата Бехтел и Енка.  И по сегашната законска легислатива овој проект може да продолжи да се реализира, но доколку сакаме тој да заврши во пократки рокови тогаш добро е да се влезе во корекција на законите за да може овој проект да се работи побрзо и секако граѓаните да имаат можност многу побрзо да ги користат овие автопатски делници, истакна минстерот Благој Бочварски во интервју за МИА.

 

Осврнувајќи се на Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање, министерот Бочварски потенцира дека со измените само се намалуваат роковите за проектирање и изградба и се запазува сегашната регулатива на изготвување на проекти со сите фази и ревизја.

“Правиме постапка за проекти од стратешки национален интерес, каде што ќе бидат реализирани овие урбанистички проекти со пократки рокови, каде што институциите кои што даваат мислења мораат во пократки рокови да одговорат за да може да биде одобрен инфрастуктурниот проект. Кога станува збор за Законот за градење, таму велиме дека најпрвин мора да биде одобрен урбанистичкиот проект кој што ја утврдува трасата. Кога ќе биде одобрен појасот каде што ќе поминува идниот автопат тогаш проектантот и изведувачот можат да започнат со градба на пооделни делници односно фазно градење Тоа значи дека имаат проект со ревизија, со сите статички документи и геомеханички испитувања, се што е потребно во делот на одобрувањето на проектот, но ќе почнат да го градат фазно. Кога ќе ја комплетираат целата делница со градење тогаш поднесуваат барање со проект за употреба.  И тогаш се дава дозвола за употреба на тој автопат. Така што не се заобиколуваат процедурите, важно е дека наоѓаме модел со цел да овозможиме фазно да се гради секоја оделна делница со цел да заштедиме на време” изјави Бочварски.

Во однос на ефектите од побрза изградба, тој потенцира дека економските придобивки од развој на регионите се несомнени. Дополнително со брзата изградба ќе се зголеми и безбедноста во сообраќајот преку намалување на  сообраќајните незгоди што се случуваат на постоечките делници од овие траси.

 

“ Верувајте, една или една и половина година доколку заврши порано целиот проект тоа значи многу за економијата, за безбедноста во собраќајот за регионите. Ајде да отидеме во Битола, во Прилеп или во Тетово и Гостивар, Струга и Охрид, да ги прашаме граѓаните кој им е клучниот и најголем проблем на граѓаните од тие региони. Сите до еден ќе кажат, клучно прашање е решавањето на инфрастуктурата. Сме земале обврска и во програмите на Владата дека инфрастуктурата мора да ја подобриме”, истакна Бочварски во интервјуто за МИА.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube