Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски во посета на М-НАВ и АЦВ. Македонското небо е отворено за сообраќај, институциите постигнуваат рекорди во број на превезени патници и број на летови
27.12.2023

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска беше во работна посета на АД Македонска навигација (М-НАВ)  и Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), каде оствари средба со раководствoтo на двете институции.

 

Тема на работната посета беше развојот во авиосообраќајот во Северна Македонија и идните планови на двете воздухопловни институции.

 

Министерот Бочварски потенцираше дека возухополовниот сектор бележи најуспешна година и по бројот на прелети над државата и по бројот на превезени патници од двата меѓународни аеродроми.

 

За споредба, 2023 година во однос на 2019 година која е земена ако референтна година со најголем обем на сообраќај, оваа година се бележи зголемување од 26,5 проценти по бројот на прелети над македонското небо, додека во однос на минатата 2022 година во овој дел се забележува зголемување од 13,4 проценти.

 

Изразено во бројки, во 2022 година вкупно преку нашето небо имало 204 000 прелетувања, додека до крај на годината очекувањата се дека бројката ќе достигне преку 230 000 прелетувања.

 

Во однос на вкупните операции во воздухопловството оваа 2023 година имаме зголемување од 25 проценти во однос на 2019 година, односно 17,3 проценти споредено со  2022 година.

 

“Ова е силен доказ дека цивилното воздухопловство се развива и дека политиките на Владата ги носат посакуваните резултати. Покрај одлично остварените резултати на двете воздухопловни институции М-НАВ и АЦВ, имаме и преку три милиони превезени патници како корелација со овие реализирани бројки. Тоа ни дава за право да веруваме дека воздухопловниот сектор има простор уште да се развива, а ние продолжуваме да работиме на подобрување на техничко  -технолошките и капацитети и човечки ресурси за да овозможиме дополнителен развој на авиосообраќајот во земјава,” изјави министерот Бочварски.

 

Министерот Бочварски на раководствата на воздухопловните инстуции и на синдикалните организации им се заблагодари за успешно остварените резултати оваа година.  



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube