Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски во Делчево: За прв пат нов пат за жителите на Tработивиште
23.06.2022

Министерството за транспорт и врски во континуитет продолжува со реализација на програмата за изградба и модернизација на патната инфраструктура. Во општина Делчево вложуваме околу 790 илјади евра за рехабилитација на локални улици и патишта, кои се барање на жителите и приоритет за локалната самоуправа, истакна министерот Бочварски при денешната работна посета на општина Делчево.

 

Министерот и градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски, извршија увид во изградба на локалниот пат кон населенето место Тработивиште.

 

“Со градоначалникот Трајковски се наоѓаме на увид во градежните активности на локалниот пат кон населеното место Тработивиште за кој вложуваме повеќе од 22 милиони денари. Oвој патен правец се асфалтира за прв пат. Вкупната должина изнесува 5,3 километри и со неговото асфалтирање значително ќе се подобрат условите за локално функционирање, ќе се зголеми безбедноста, а ќе се намали и времето за патување кон градот Делчево”, изјави министерот Бочварски.

 

Општина Делчево преку Проектот за поврзување со локални патишта до сега изврши реконструкција на улиците „Орце Николов“ и „Скопска“, а во овој момент се работи и на улицата „Острец“ која се наоѓа во градското јадро. 

 

“ Овој проект, покрај општествената одговорност, има за цел подобрување на пристапот на граѓаните до услугите и објектите од јавен интерес, како и зголемување на мобилноста и безбедноста во сообраќајот. Денеска можам да истакнам дека жителите на Тработивиште и Разловци, покрај регионалниот пат, досегашната единствена сообраќајна врска за овие села, добиваат уште една патна алтернатива која значи поблиску до Делчево и поблиску до земјоделското земјиште. Патот е со вкупна должина од 5,3 километри,  со ширина од 4 метри со банкини и соодветно направени одводни канали”, изјави Горан Трајковски, градоначалник на општина Делчево.

 

Министерот додаде дека во Мнистерството веќе се започнати постапките за избор на компании изведувач и надзор за реконструкција на дел од водоводната мрежа во Делчево за што  се инвестира 23 милиони денари.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube