Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски од Струмица најави нови капитални проекти за југоистокот
03.02.2022

Поврзување на Струмица на интерконекторот со гас кај Петрич, Република Бугарија, е еден од приоритетите на кој разговараме на работните групи со колегите од Бугарија. На ова прашање ќе му дадеме посебно значење и во следниот период ќе ги утврдиме сите детали за овој проект, истакна министерот Благој Бочварски при денешната работка посета на општина Струмица.

 

Тоа ќе овоможи поевтин гас за општината која има развиено мрежа од околу 40 километри, но и за целата индустрија во градот, потенцираше министерот Бочварски.

 

Тој заедно со градоначалникот на општина Костадин Костадинов извршија увид во изградба на канализационен систем во населеното место Банско, каде преку буџетот на Министерството се вложува 42 милиони денари. Проектот опфаќа изградба на 15 километри канализациона мрежа и според договорот се очекува да се заврши до средината на оваа година.

 

„Сакам да најавам дека оваа пролет започнуваме со изградба на фекален и атмосферски канализационен систем и за населеното место Градско Балдовци, со што решаваме уште едно многиу значајно прашање за општина Струмица. Како Влада силно сме посветени и во модернизација на патната мрежа кон Југоисточниот регион. До сега инвестиравме преку 70 милиони евра во изградба и рехабилитација на патиштата во овој дел од државата.  Исто така сакам да најавам дека оваа година планираме дека го рехабилитираме патниот правец  Струмица – Дабиле, за што ќе инвестираме речиси 100 милиони денари.” - изјави министерот Бочварски.

 

Министерот најави изградба на експресен пат од Струмица преку Валанадово до Гевгелија, проект за кој документацијата е во завршна фаза.

 

За градоначалникот Костадинов, со реализацијта на овој проект ќе се создадат услови за подобар живот на жителите на Банско.

 

„И јас и министерот сме задоволни од досегашната изведба. Од планираните 15 километри канализациона мрежа, досега се изведени околу 10 км. Вредноста на овој проект изнесува 42 милиони денари. За целосно фукционирање на овој систем потребно е да се изгради пречистителна станица за третман на фекалните води пред да бидат пуштени во реката Водочница, а за која општина Струмица веќе има изготвено проект.“ - истакна градоначалникот Костадинов.

 

 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube