Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски од Струмица: Преку 2 милијарди евра инвестиции во изградба на патишта, железници, гасоводи, водоводи и канализациони системи
29.02.2024

Преку 2 милијарди евра во моментов инвестираме во целокупната инфраструктура во земјава и тоа го покажуваат и бројките и бројните проекти што ги реализираме на терен. Капиталните инвестиции ги реализираме во континуитет за да обезбедиме квалитетна инфраструктура и да реализираме проекти кои носат директен бенефит за граѓаните и економијата, истакна министерот Благој Бочварски денеска од Струмица.

 

Министерот Бочварски во рамки на денешната посета на општина Струмица, заедно со градоначалникот Костадин Костадинов, извршија увид во инфраструктурните проекти што се реализираат во општината.

 

При посетата на населеното место Градско Балдовци, министерот Бочварски истака дека преку Министерството за транспорт и врски се гради 10 километри комунална мрежа со вкупна инвестиција од 1,3 милиони евра. 

 

Тие извршија увид и во реконструкција на локалната улица Братство Единство, која се реализира преку Министерството за транспорт и врски во висина од 18,7 милиони денари.

 

“ Струмица е пример за одличната соработка помеѓу централната и локалната власт, каде работиме на значајни проекти за подобрување на патната и комуналната инфраструктура. Овде во Градско Балдовци работиме на изградба на фекален и атмосферски канализационен систем во должина од преку 10 километри и инвестиција во висина од преку 85 милиони денари. Во завршна фаза е реконструкција на локалната улица Братство Единство, а сакам да најавам уште еден значаен проект за Струмичани, а тоа е реконструкцијата на улицата 23 Октомври, проект кој исто така ќе се реализира преку Министерството за транспорт и врски во соработка со општината и каде градежните работи очекувам да започнат ова лето.  И ова е придонесот на Владата што го прави за Струмица, за граѓаните на Струмица за сите други општини во државата,” изјави министерот Бочварски.

 

Градоначалникот Костадин Костадинов потенцираше дека со капиталните инвестиции во општината, Струмица станува економски центар во државата.

 

“ Реализацијата на проектите по барање на граѓаните е невозможна без поддршката од централната власт. Улицата Братство Единство само по себе значи растеретување на сообраќајот кај кванташки пазар, многу подобра комуникација со Просениково и другите населени места, развој на најзначајната индустриска зона каде веќе имаме преку 30 милиони евра инвестиции од домашни и странски компании и потенцијална можност за нови инвестиции. Би го спомнал како проект новиот градски пазар за кој ја комплетираме тендерската постапка, понатаму да најавам уште еден крупен проект што го работиме со Министерството за земјоделие а тоа е изградба на регионалниот откупен центар. Би потенцирал дека Струмица станува најзначајниот економски центар во државата ,” изјави Костадин Костадинов, градоначалник на општина Струмица.

За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube