Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски од Крањ: На транспортерите им се потребни олеснувања на граничните премини и модерни патишта
06.07.2021

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска во Брдо кај Крањ, Република Словенија учествуваше на Министерски состанок за прекуграничното поврзување на земјите од Регионот на Западен Балкан и Европската Унија во организација на словенечкото претседателство со Советот на Европската Унија.

 

На министерскиот состанок, присуствуваа министрите за транспорт на Република Грција, Република Словенија, Република Србија, Република Хрватска,Црна Гора, Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, како и претставници на Секретаријатот на Транспортната заедница и Европската комисија. 

 

Во своето обраќање министерот Бочварски истакна дека Република Северна Македонија се стреми кон создавање на модерен и безбеден транспортен систем кој е прилагоден на потребите на земјата, за обезбедување на поголема мобилност на граѓаните како поддршка на одржливиот развој и раст на националната економија.

 

“Воспоставувањето сигурен и безбеден транспортен систем е исто така еден од нашите приоритети и вклучува подобрување на безбедноста на патниот и железничкиот транспорт, воведување на ИТ технологии и имплементација на интелигентни транспортни системи во транспортниот сектор Нашата Влада ја промовира регионалната соработка со ставање во центарот на вниманието на регионалната и меѓународната димензија на сите видови на транспорт преку развој и модернизација на транспортната инфраструктура долж основната и сеопфатната мрежа на TEН-T што минува низ земјата”, истакна министерот Бочварски.

 

Во рамки на дискусијата на темата за подобрување на граничното управување,  министерот Бочварски истакна дека билатералните договори со соседните земји за заеднички гранични премини се ефикасна алатка за подобрување на транспортот на стока и патници на граничните премини. 

 

Министерот Бочварски истакна дека, паралелно со билатералните договори, потребно е да се подобри транспортната инфраструктура на граничните премини и по должината на транспортните Коридори 8 и 10.

 

Во рамки на министерскиот совет тој и оддржа билатерална средба со министерот за транспорт и инфраструктура на Грција, Костас Караманлис.

На средбата се разговараше за поинтензивна соработка помеѓу двете министерства како и обновување на железничката линија Битола - Лерин долж Коридорот 10-д.

 

На маргините на Советот се одржа и средба со Асоцијациите на транспортери од Словенија на која покрај министерот Бочварски присуствуваа и министрите од Словенија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина.  На состанокот се разговараше за олеснување на транспортот на граничните премини, изнаоѓање на начини на поедноставување на процедурите како и проширување на зелените ленти на граничните прмини со земјите членки на ЕУ од регионот.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube