Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски на средба со транспортерите во Југоисточниот регион: Создаваме услови за подобра работа на транспортерите, листите за приоритетно вадење на патни документи испратени до МВР
29.02.2024

Ги олеснавме условите за работа на сите транспортни компании, овозможивме повеќе дозволи за меѓународниот транспорт и тоа што во овој момент е најважно за сите транспортери и превозници кои поседуваат сертификати за професионални возачи им овозможуваме по приоритет да можат да ги заменат патните документи, презентираше министерот Бочварски на регионалната средба во Струмица со претставници на транспортните компании од Југоисточниот регион.

 

Министерот Бочварски истакна дека мерките што ги реализира министерството во патниот транспорт се во корелација на барањата на здруженијата и асоцијациите на транспортери и превозници на Република Северна Македонија.

 

Во однос на дозволите, министерот потенцираше дека Министерството за транспорт и врски навреме ги замени сите потребни документи што им се потребни на транспортерите за непречено одвивање на меѓународниот транспорт.

 

“ Оваа година имаме за 20 % повеќе дозволи за транспортерите и драго ми е што транспортната дејност расте и се развива. Имаме зголемување на транспортните дозволи со Германија, Србија, Бугарија, со Италија и со други земји. Исто така имаме зголемување од 1440 на 1680 на ЦЕМТ дозволите за оваа година и тоа што е најважно ниту една транспортна компанија не останала без дозвола.  Имаме релативно развиен транспортен сектор и како Министерство ги следиме потребите на транспртерите. Во следниот период со здруженијата започнуваме со работа за промена на Уредбата за распределба на меѓународните дозволи. Тоа што во моментов исто така е многу важно е листите на транспортери и превозници со важечки сертификати се доставени до МВР и очекувам за десетина дена да започне постапката за издавање на нивните патни документи како што договоривме претходно,“ изјави министерот Благој Бочварски.

 

На средбата се отворија и прашањата за промена на Уредбата за распределба на меѓународните дозволи кои секоја година се достапни во се поголем број.

 

“ Очекуваме на денешната средба да има предлози од транспортерите во делот на промена на уредбата. Исто така ќе побараме поддршка од Mинистерот за промена на Уредбата за дневниците за возачите. Дополнително ќе побараме и пролонгирање на примена на член 14 од измените на законот за ДДВ”, изјави Сања Милошевска, претставник од Макам Транс.

 

“ На овие средби ги слушаме барањата на транспортерите и нивните реални потреби, бидејќи за силна економија ни е потребен силен транспорт. Ги повикуваме сите возачи со истечени патни документи да се пријават за да можат по таканаречената брза лента да ги заменат истечените”, изјави Оливера Миовска од Бест Мобилити.

 

На средбата беа присутни и претставници од Секторот за патен сообраќај при Министерството за транспорт и врски како и претставници од Управата за јавни приходи и од Царинската управа.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube