Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски и Рустеми од Велес: Инвестираме преку 10 милиони евра за рехабилитација на патиштата во Велес
14.03.2024

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, денеска извршија увид во рехабилитација на регионалниот патен правец Велес – Градско.

 

Се работи за најфрекфентната регионална делница во регионот, за чија рехабилитација во должина од 20 километри беа инвестирани речиси 7 милиони евра.

 

Министерот Бочварски истакна дека Владата преку Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта го бележи најголемиот инвестициски циклус во изградба и модернизација на патната инфраструктура, а дека особено внимание се посветува на рехабилитација на постоечката регионална патна мрежа.

 

„До сега завршивме со реконструкција на многу значајни патни правци кои водат до државните граници, како државните патишта Крива Паланка - Деве Баир, Подмоље – Струга – Ќафасан, Битола – Меџитлија и Скопје – Блаце, а денеска се наоѓаме на делницата Велес – Градско, каде сме на увид на рехабилитирниот пат со што добиваме квалитетна регионална патна делница. И знаеме дека огромно е значењето на овој регионален пат кој што поврзува десетина населени места од овој регион што немаат директен излез на автопатот на Коридор 10. Впрочем ова беше и најголемо барање на локалното население и драго ми е што овој пат е завршен квалитено и навремено. Подигната е безбедноста за патување, елиминирајќи ги црните точки кои претходно се јавуваа на овој патен правец.“, изјави министерот Бочварски.

 

Директорот Рустеми истакна дека ЈП за државни патишта работи посветено за да обезбеди современа и модерна патна инфраструктура низ целата држава, која потоа овозможува силна економија и развиени региони.

 

„Оваа делница, која е со вкупна должина од 20-тина километри и широчина на патот од 5,5 до 7,0 метри, беше во лоша состојба, а е главна артерија за локалното население, посебно за земјоделците кои гравитираат во овој регион. Со рехабилитацијата на оваа делница, добиваме безбеден и сигурен регионален пат по кој месното население може да сообраќа без тешкотии. За инвестицијата вкупно беа издвоени 6,8 милиони евра, средства обезбедени од ЕБОР. Ова патно поврзување на централниот регион е важно затоа што низ него минуваат и се вкрстуваат значајни патни јазли кои нѐ поврзуваат со останатите земји од регионот. Со овие активности, ја потврдуваме нашата заложба за комплетна рехабилитација на регионалните патни правци во централниот регион, со цел да им го олесниме протокот на сообраќај и на стоки и услуги.”, изјави директорот на ЈП за државни патишта, Рустеми.

 

Министерот и директорот претходно извршија увид и во рехабилитираниот регионален пат Катланово – Велес, инвестиција од 2,5 милиони евра, делница со која град Велес се поврзува со Велешко езеро.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube