Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: Завршивме успешно уште еден проект во Берово, го рехабилитравме патот од Берово до Владимирово
04.08.2023

Завршивме со комплетна реконструкција на регионалниот пат од Берово до насленото место Владимирово со што направивме одличен проект за жителите на Владимирово и верувам дека со ова ќе придонесеме за подобар живот на локалното население, истакна министерот Бочварски при денешната посета на општина Берово.

Министерот заедно со градоначалникот Звонко Пекевски извршија увид во завршениот регионален пат,  во должина од 5,5 километри и инвестиција од 45 милиони денари средства обезбедни преку централниот буџет.

“ Направивме добар проект за граѓаните на Владимирово и веруваме дека со ваквите проекти даваме сериозeн придонес за задржување на граѓаните во насeлените места. И ова го правиме се со цел да придонесеме за подобра инфраструктура, побезбеден сообраќај и поврзување со останатте населени места. Ведувам дека со оваа инвестиција од преку 45 милиони денари реализиравме многу значаен проект. Остануваат да се завршат уште неколку технички зафати, да се постави сообраќајна сигнализација и банкини и со тоа ќе завршиме уште еден инфраструктурен проект”, изјави министерот Бочварски.  

Завршена е реконструкцијата на патните правци кон Струмица и Виница, комплетно го рехабилитиравме патниот правец од Берово кон ГП Клепало, ја реализиравме и изградбата на фекалната канализација во туристичката населба на Беровското Езеро, во селото Ратево го изградивме водоснабдителниот систем, а сега таму започнуваме и со реконструкција на улицата Илинденска. Верувам дека граѓаните ги препознаваат сите овие проекти бидејќи веќе ги чувствуваат придобивките од нив, додаде министерот Бочварски.

Подршката што ја дава Централната власт, посебно Министерството за транспорт и врски за Берово и околината е многу значајна. Преку инфраструктураните проекти ги подобривме патиштата, ја подобривме комуналната инфрастрктура и комуникацијата со останатите населени места во Берово. Сите овие проекти ни го подобруваат условите за живот, потенцираше градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски. 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube