Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: Започна асфалтирањето на автопатот Скопје-Блаце
15.11.2021

Околу четириесет и осум проценти имаме завршени градежни работи на првата фаза од автопатската делница Скопје-Блаце. Во моментот имаме асфалтерски работи кои се одвиваат со одлична динамика.  Дополнително се работи на ископи, канали и бетонирање на други објекти, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој заедно со заменик министерт Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми,  извршија увид во изградбата на овој автопат.

Инвестицијата за првата делница од граничниот премин Блаце до село Блаце  изнесува 14,2 милиони евра. Според динамиката на изградба се очекува да се заврши до средина на следната година.

“Нашата намера е да изградиме модерно автопатско решение, по сите меѓународни стандарди, безбеден за сообраќај со посебен инпут на подобрување на економските врски со Косово и зголемување на билатералната соработка. Оваа делница е дел и од Рутата 6 од сеопфатната СЕЕТО мрежа и е многу важна заради проширување на Европските патни мрежи кон Западен Балкан.   Во однос на втората делница е од с.Блаце до клучка Стенковец, во должина од околу 10,5км, сакам да напоменам дека според процедурите, тендерската постапка би отпочнала втор квартал следната година”, изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски. 

Втората делница ќе се финансира со заем од ЕБОР и инвестициски грант од ВБИФ, чија предвидената вредност изнесува 120 милиони евра.

“ Идејниот проект за втората фаза е завршена, студијата за животна средина деновиве ќе ја доставиме до ЕБОР. Очекувам во прв кваратал од следната година да имаме и основен проект и да бидат завршени и инфраструктурните проекти за да можеме да ја започнеме постапката за избор на Изведувач”, изјави Ејуп Рустеми директор на ЈП за државни патишта.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube