Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: Вложуваме во инфраструктурата за европска перспектива и за подобра иднина на државата
30.01.2023

Секој вложен денар во инфраструктурата е влог за подобра иднина на државата и подобри услови за живот на граѓаните, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на панел дискусијата посветена на капиталните проекти како и развој на културата и образованието во услови на криза, во рамки на годишната конференција на Владата „Година на нови можности“.

 

Во своето обраќање министерот Бочварски се осврна на рекордната реализација на капитални инвестиции во 2022 година со посебен фокус на патната и железничката инфраструктура.

 

“Преку 1 милијарда евра инвестираме за инфраструктурата. Го започнавме најголемиот проект за изградба на железничкиот коридор 8 кон Бугарија вреден преку половина милијарда евра. Во само една година завршивме со изградба на два експресни патишта од Штип до Кочани и од Штип до Радовиш, инвестиција од преку 100 милиони евра.  Дополнително реконструиравме преку триесетина регионални патни правци. Даваме максимална поддршка на општините преку реконструкција на локалните патишта, околу 130 улици и патишта опфативме со рехабилитација само минатата година. Помагаме и во делот на изградба на водоводи и канализации. Ја продолживме мерката за воведување на нови авиолинии. Северна Македонија е веќе на главните европски рути.“ - се обрати министерот Благој Бочварски.

 

Тој потенцираше дека оваа година Министерството за транспорт и врски има огромен предизвик во отпочнување на изградбата на преку 140 километри автопати на Коридорите 8 и 10-Д.

 

„Очекуваме оваа година да започнеме со изградба на автопатските делници Требениште – Струга – Ќафаса, Букојчани – Гостивар, Тетово – Гостивар на Коридор 8, како и Прилеп – Битола на Коридорот 10-Д. Ова бара сериозна посветеност и максимално ќе се заложиме во реализација на овој проект. Исто така оваа година очекувам да го завршиме и автопатот Кичево – Охрид, како и автопатот Скопје – Блаце, прва фаза, а да го распишеме и јавниот повик за изградба и на втората фаза кон Блаце. Во делот на железницата, силно продолжуваме со изградба на првата и втората фаза од пругата кон Бугарија, а планираме да го распишеме и јавниот повик за финалната трета фаза. Многу брзо очекуваме да избереме авиокомпании кои ќе понудат нови дестинации за нашите граѓани.“ – истакна министерот Бочварски.

 

На панел дискусијата покрај министерот Бочварски свои обраќања имаа и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, министерот за образование Јетон Шаќири, министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска, директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми и деканот на Градежниот факултет,  професор д-р Горан Марковски. 

 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube