Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: Владата финансиски и технички ќе и помогне на општина Делчево, ќе се санираат штетите направени од невремето
10.06.2023

Владата застанува комплетно во поддршка на општина Делчево, на градоначалникот и сите штети што се настанати од невремето ќе ги решиме финансиски и технички со поддршка од Владата, истакна министерот Благој Бочварски при денешната посета на општина Делечво.

 

Министерот, заедно со министерката за животна средина Каја Шукова, директорот на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта Костадин Ацевски, деканот на Градежен факултет проф. д-р Горан Марковски, денеска во општина Делчево се сретнаа со градоначалникот Горан Трајковски и пратеничката Соња Михаилова и извршија увид на штетите предизвикани од силното невреме што го зафати регионот.

 

Градоначалникот Трајковски детално информираше околу настанатите штети и потенцираше дека потребна е силна поддршка од централната власт и поширока акција за овие штети да бидат санирани што е можно поскоро, а животот на граѓаните во Делчево и делчевско да се врати во нормала.

 

“Сега очекувам да го добиеме извештајот официјално од страна на општина Делчево и на следната седница на Владата да донесеме одлука за целосно поддршка и санација на сите точки во општина Делчево. Се работи за една улица, се работи и за еден попуст на регионалниот пат кој што ќе го санираме и уште еден мост за кој што ќе направиме проектирање со што технички сакаме да ги подобриме инфраструктурните потези на овие места каде што е потребно и при идни вакви или слични појави подобро да функционира инфраструктурата и да не ни се случуваат вакви појави. Она што е јасно е дека Владата застанува комплетно во поддршка на општината и сите штети кои што се настанати ќе ги решиме и финансиски и технички”, истакна министерот Бочварски.

 

Тој потенцираше дека и во изминатите денови локалната и централната власт биле во целосна координација со што екипите на ЈП за оддржување на регионални и магистрални патишта помагаа во санација на штетите во Делчево, обезедуваjќи проодност на патиштата.

 

При увидот на направените штети, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова упати апел до граѓаните да не го фрлаат отпадот во речните корита. 

 

“ Кога зборуваме за вакви појави, апел секако до граѓаните бидејќи многу често при ваквите појави имаме проблем со речните корита. Од аспект на животна средина се замолуваат граѓаните во иднина веќе да не фрлаат отпад во речните корита за речените корита да ни бидат проодни за водите. Ова не се однесува само за речните корита туку и за целата средина каде што живеат, правилно да се постапува со отпадот, за да не би имале проблем кога настануваат вакви проблеми кои што ни ги прави природата, а нејзе не можеме да ја контролираме.“ истакна министерката Шукова

 

Градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски, истакна дека целосниот извештај за критичните точки и потребната рехабилитација на инфраструктурата ќе го достават до Министерството за транспорт и врски очекувајќи брза санација на критичната инфраструктура.

За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube