Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: Со жителите на Сопотница најдовме решение, патот ќе го реконструираме пролетва
17.02.2022

 

Најоштетената делница од 12 километри на регионалниот пат Демир Хисар – Другово ќе се реконструира оваа пролет, се со цел да им се излезе во пресрет на жителите на населеното место Сопотница – демирхисарско.

 

Ова беше договорено попладнево на средбата со месните заедници од ова населено место и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми и директорот на ЈП за одржување на регионалните и магистрални патишта, Костадин Ацевски.

 

На средбата министерот Бочварски најави итна реконструкција на најоштетените делови од регионалниот пат за да се подобри безбедноста на овој патен правец што беше и едно од главните барања на жителите од овој регион.

 

Реконструкцијата ќе се изврши преку ЈП за одржување на регионалните и магистралните патишта.

 

„Дојдов тука да се сретнам со вас, заедно со директорите на јавните претпријатија и јавно да ви ветам дека оваа пролет ќе ги реконструираме најоштетените 12 километри од регионалниот пат Демир Хисар – Другово, што и е едно од вашите барања. Утрово имавме координација и изнајдовме средства за реконструкција на овој патен правец со што верувам дека ќе ја подобриме безбедноста на патот. Бидете сигурни дека повторно ќе дојдеме со директорите овде и лично ќе се уверите дека ова што го зборуваме за реконструкција на патот ќе се реализира со отворање на асфалтните бази.“ – се обрати министерот Благој Бочварски пред присутните жители од населеното место Сопотница.

 

Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, истакна дека во завршна фаза е изработката на проектот за реконструкција на целиот патен правец од Демир Хисар до Другово во должина од 42 километри.

Истиот ќе се реконструира следната година откако ќе се завршат сите јавни постапки.

 

Директор на ЈП за одржување на регионалните и магистрални патишта, Костадин Ацевски, пред присутните потенцираше дека реконструкцијата ќе ја врши ова јавно претпријатие со започнување на работа на асфалтните бази.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube