Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: Силна градежна експанзија во Тиквешкиот регион
01.07.2021

Реализацијата на проектите финансирани преку Министерството за транспорт и врски продолжува со силно темпо. Денеска сум во Кавадарци да означиме почеток на реконструкција на уште три улици во градот. Преку 1 милион евра Владата обезбеди за реконструкција локалните улици во Кавадарци, истакна министерот Благој БОчварски при денешната посета во општина Кавадаерци.

 

Министерот Бочварски и градоначалникот Митко Јанчев го потпишаа договорот за реконструкција на три улици во општината,  а воедно извршија и увид во градежните работи на улица Браќа Џунови, како дел од проектот за поврзување со локлнаи патишта.

 

„Денешната посета на општина Кавадарци ја искористив со градоначалникот да го потпишеме договорот за реконструкција на три улици во општината и тоа Илинденска, Пионерска и Браќа Џунови. За реконструкција на овие улици се инвестираат вкупно 20 милиони денари.

На општина Кавадарци преку проектот Поврзување со локални патишта распределени се 1 милион и 133 илјади евра за реконструкција и санација на улиците во градот. Денеска се наоѓаме на увид на реконструкција на улица Браќа Џунови.  Градежните работи се веќе започнати и очекувам оваа улица да биде заврпена за неколку недела, а сите три улици да се завршат за околу десетина месеци колку што е предвидено во договорот “ – изјави министерот Бочварски.

 

Тој додаде дека општината аплицирала со нови два проекти за реконструкција на улиците  Дисанска и Западен Булевар.

 

Министерот Бочварски исткана дека поддршката од централната власт е значајна за Тиквешкиот регион, потенцирајќи го проектот за рехабилитација на регионалниот пат Кавадарци – Дреново, изградба на дел од водоводна мрежа низ градот, реконструкцијата на транзитот низ Кавадарци, патниот правец до Росоман,  како и изградбата на нов мост во Ваташа.

 

Градоначалникот Митко Јанчев истака сите овие локални проекти се од огромно значење како за граѓаните така и за финанисиска подршка на општините.

 

„Ова е меѓу првите вакви проекти каде што Владата заедно со Министерството одвои 70 милиони евра за општините во Република Северна Македонија. Тоа е од големо значење за сите општини бидејќи овие улици доколку чекавме да ги реконструираме од сопствени буџети, мислам дека е скоро невозможно да го направиме тоа и во наредните 10 години. Ја пратиме динамиката на изградба на нови улици, а беше позапоставена реконструкцијата на постоечките улици кои се изградени пред 20-30 години,  изјави градоначалникот Јанчев.

За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube