Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски-Рустеми: Вратена во сообраќај делницата од Подмоље до Охрид за сите возила
05.07.2023

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, заменик министерот Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, денеска извршија увид на реконструираната делница од Подмоље до Охрид.

 

Од денеска согласно времениот режим, делницата е биде вратена за сообраќај а со тоа граѓаните и туристие повторно ќе можат да го користат за сообраќај овој дел од влезот во Охрид.

 

Делницата Подмоље - Охрид како дел од автопатската делница Кичево -Охрид, согласно времениот режим беше затворена за сообраќај поради градежни активности на изградба на клучка Охрид, на изградба на бетонски мостови, земјени и асфалтерски работи на овој дел од трасата и истата требаше да се биде пуштена до 10 јули, а сообраќајот беше пренасочен преку регионалниот пат Охрид -Подмоље.

 

Силниот ангажман на тимот од Министерството за транспотрт и врски,  Јавното претпријатие за државни патишта во соработка со МВР и други институции како и Изведувачот и надзорниот орган, допринесе градежните активности на овој дел од  патниот правец да бидат завршени и пред зададениот рок, се со цел сообраќајот да се врати во првобитниот режим и да се обезбеди нормализирање на туристичката сезона.     

 

“ Пред извесно време бевме тука заедно со директорот и ветивме дека ќе ги завршиме градежните работи на овој дел од влезот во Охрид. Денеска сме тука и пред рокот што го најавивме за да се уверуме дека активностите се завршени. Од денеска повторно ќе ја вратиме во режим на времен сообраќај делницата од Подмоље до Охрид  и ќе овозможиме сообраќајот да се одвива по главната траса. Ветивме дека се што правиме е во насока на создавање на подобри услови за туристичката сезона, така ќе продолжиме и во наредниот период. ”, истакна министерот Бочварски.

 

“ Направивме силни напори со сите институции и изведувачи делницата на главната траса да ја ставиме во функција. Од денеска сообраќајот од Подмоље до Охрид се одвива повторно по главната траса, а ние со исто силно темпо продолжуваме да работиме и на другите позиции на автопатската делница Кичево - Охрид, истакна директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube