Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: Рехабилитиран транзитот низ Штип, дополнително потпишани договори за реконструкција на четири улици во градот
12.10.2022

Преку проектот за локални патишта обезбедивме дополнителни 30 милиони денари за реконструкција на три улици во општина Штип и дополнително изградба на уште една улица во населбата Света Недела, истакна министерот Благој Бочварски при денешната посета на општина Штип.

 

 Потпишани се договори за реконструкција на улиците: “5 Конгрес“,  “Солидарност”  и “ улица Браќа Даневи” инвестиција од 28,8 милиони денари. Исто така преку буџетот на Министерството за транспорт и врски во рамки на Декадата на Ромите, обезбедени се 1,1 милион денари за изградба на улица во населбата Света Недела. 

 

Денешната посета на општина Штип заедно со директорот на ЈП за одржување на регионали и магистрални патишта Костадин Ацевски, ја искористија да извршат увид во рехабилитираниот транзит низ Штип, патен павец за кој Владата инвестираше 50 милиони денари.

 

“Преку 120 милиони денари Владата преку Министерството за транспорт и врски инвестира за подобрување на улиците во општина Штип. Завршивме комплетно со рехабилитација на транзиот на Штип и со тоа ја заокруживме коплетно целата патна инфраструктура во државна надлежност. Но денеска со задоволство сакам да ги информирам граѓаните на Штип дека ги потпишав договорите за реконструкција на три улици во населбата Автокоманда во Штип. Претходно инвестиравме 10 милиони денари за реконструкција на улицата Панче Караѓозов, исто така инвестиравме и 12 милиони денари за реконструкција на раскрсницата Сењак. Друга важна работа што сакам да најавам е  изградбата на улицата број 1 во населбата Света Недела.  Тоа е влогот на Владата и министертсвото за транспорт за Штип и граѓаните на Штип, за подобрување на условите за живот, за урбаниот и економскиот развој на градот”, изјави Благој Бочварски министер за транспорт и врски.

 

Директорот на ЈП за одржување на магистралните патишта Ацевски, најави дека претпријатието се подготвува за новата програма за следната година и реконструкција на најкритичните патни правци.

 

“Почнавме август, завршивме во септември. Ја завршивме комплетно реконструкција од околу 4 километри за што инвестиравме 50 милиони денари. Со тоа ја исцрпивме програмата за овој регион, а со ЈП за државни патшта веќе почнуваме да ја изготвуваме програмата за инвестиционо одржување за следната година, така да ќе бидат рехабилитирани сите критични правци”, истакна Костадин Ацевски, директор на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта. 

За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube