Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: Реализираме рекордни инвестиции во Пробиштип, во тек се повеќе проекти во патната и комуналната инфраструктура
16.08.2023

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска престојуваше во работна посета на општина Пробиштип, каде заедно со градоначалникот, Драган Анастасов потпишаа меморандум за реконструкција на две локални улици во градот.

Станува збор за улиците Христијан Тодоровски Карпош и 3-ти Април, кои општина Пробиштип ги означи како приоритетни, а вкупната инвестиција за нивната реконструкција изнесува 29,5 милиони денари, средства обезбедни преку буџетот на Министерството за транспорт и врски.

Министерот Бочварски ја искористи посетата на Пробиштип да изврши увид во градежните активности на реконструкција на улицата Македонски револуционери, каде претходно се реализираше и изградба на атмосферска канализација, а сега во тек е нејзина комплетна реконструкција, со што оваа улица ќе добие нов лик, а граѓаните подобри услови за живеење.

Инвестицијата за реконструкција на ул. Македонски револуционери изнесува 17 милиони денари.

„Пред неколку месеци со градоначалникот бевме тука во Пробиштип каде разговаравме со граѓаните, ги утврдивме нивните приоритети и особено ми е драго што веќе денеска проектите се реализираат на терен. Ја изградивме атмосферската канализација, а во соработка со општината правиме и целосна реконструкција на улицата Македонски револуционери. Денешната посета ја искористив да потпишеме меморандум за реконструкција на улиците Христијан Тодоровски Карпош и 3-ти Април, за кои преку Министерството за транспорт и врски инвестираме преку 29 милиони денари. Општината се движи во вистинска насока во однос на инфраструктурата, тоа е резултат на одличната соработка и комуникација помеѓу централната и локалната власт и верувам дека граѓаните се задоволни со сите овие значајни проекти кои ги реализираме.“ – истакна министерот Бочварски.

 

Градоначалникот Анастасов се заблагодари за силната поддршка која централната власт ја дава на општина Пробиштип и најави дека силната градежна офанзива продолжува и во наредниот период.

 

Министерството за транспорт и врски останува силен поддржувач на локалните самоуправи. Со рекордни инвестиции во инфраструктурните и комуналните проекти имаме за цел подобрување на животот на граѓаните, како и обезбедување економски и урбан развој на општините низ целата земја.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube