Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: Распишан тендерот за изградба на брана Отиња
29.09.2020

Децении најавувана, ветувана од многу Влади претходно. Но, Ние за три години од идеја и недовршен проект, успеавме да изготвиме проект, да обезбедиме средства и да започнеме постапка за изградба на браната Отиња во Штип, истакна министерот за трнспорт и врски Благој Бочварски при денешната работна посета на општина Штип.

Тој најави дека денеска министерството за транспорт и врски го рапиша јавниот повик за изградба на брана Отиња. Вредноста на инвестиција е 7,5 милиони евра. 

“Со гордост сакам да го најавам почетокот на еден исклучително значаен проект за Штип и Штипјани, а тоа е изградбата на  браната на река Отиња. Пред неполни 3 години не затеков никаква документација. Готов проект немаше во Општината. Влегов со огромен ентузијазам за реализација на овој капитален проект. Многу луѓе ме одвраќаа од намерата, не веруваа  дека е возможно, ме предупредуваа на внимателен пристап затоа што многу децении ова останало само ветување. Но знаев дека ако работиме посветено резултатите ќе дојдат. Денеска министерството за транспорт и врски ја распиша постапката за избор на фирма за најповолен изведувач за изградбата на браната Отиња,” изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски

Со проектот се предвидува изградба на брана во висина од 34 метри во непосредна близина на Штип. Средствата за изградба се обезбедени од буџетот на Министерството за транспорт и врски, а рокот за изградба е предвиден на 30 календарски месеци.

“ Браната пред се ќе биде наменета технолошка вода за потребите во градот, заштита од поплави, во втора фаза и производство на електрична енергија.  Тоа ќе биде место и за рекреација на штипјани, но и други граѓани од државата. Ќе биде можност за иден развој на градот во наредните години и децении”, истакна министерот Бочварски.

За Штип ова е најзначајниот инфраструктурен проект, истакна заменик градоначалникот Јане Миланов. Тој потенцираше дека Штипјани конечно го добиваат ветувањето старо четириесетина години.

“Тешко е да се каже нешто за оваа брана што веќе не е кажано. Но денес јавноста е сведок дека преминуваме од зборови на дела. Беа потребни тони хартија за да се изработи проект, да се обезбедат и добијат сите потребни дозволи, документи, проценки, за конечно да го направиме овој значаен чекор, распишување на јавна набавка за избор на најповолен изведувач на овој капитален објект”, изјави Јане Миланов заменик градоначалник на општина Штип.

Посетата на општина Штип, министерот Бочварски ја искористи да направи увид и во асфалтирање на инфраструктура во спортско рекреативниот центар  Брегалница.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube