Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: Продолжуваме со рехабилитација на транзит низ Штип до Ново Село, Владата останува најголем инвеститор во општините.
28.06.2023

Оваа Влада како никоја претходна досега, инвестира најголеми средства за подобрување на патната мрежа во државата, го стимулира локалниот развој, реализира најобемна помош за општините и генерално во континуитет го  подобрува животниот стандард за граѓаните.  И тоа го работиме непрекиното сите овие години, истакана министерот Бочварски при денешиот увид на рехабилитација на транзитот  Штип-Ново Село.

 

Министерот Бочварски заедно со директорот на ЈП за одржување на магистралните патишта Костадин Ацевски, извршија увид на градежните активности за рехабилитација на регионалниот пат Ново Село-Штип ( делница транзит Штип).

 

Инвестицијата е вредна 11 милиони денари, средства од буџетот на ЈП за државни патишта. Предвидена е рехабилитација на површина од 6.055 метри квадратни, со ширина на патот од 6,8 метри.

 

Ова е продолжение на транзитот низ Штип кој се рехебилитираше минатата година за што Јавното претпријатие инвестираше преку 42 милиони денари.

 

“Со директорот Ацевски сме во Штип каде започнуваме со реконструкција на транзитот низ Ново Село, патен правец кој го поврзува градот со новиот експресен пат кон Радовиш. Ова е продолжение на реконструкцијата на транзитот низ Штип што го рехабилитиравме минатата година, за што инвестиравме преку 42 милиони денари. Тука во Штип, оваа Влада инвестираше значајни средства и реализираше многу проекти кои го подобрија и олеснија животот на Штипјани, а Штип стана центар на Истокот на државата.

Го поврзавме градот со два нови експресни патишта кон Радовиш и кон Кочани, потоа преку Министерството за транспорт и врски инвестиравме над 50 милиони денари за рехабилитација на неколку улици низ градот, активно ја градиме браната на река Отиња, а ја завршивме изградбата на водоводните системи во населбите Блок 77, Каваклија и Македонка. И навистина ми е драго секој пат кога започнуваме некој проект овде, бидејќи знам дека сме направиле многу за Штип, сме помогнале да се решат голем број проблеми и сме биле тука кога највеќе сме им биле потребни на граѓаните.  Верувам дека нашата заложба за обезбедување подобри услови за живот е препозната и сакам да уверам дека така продолжуваме и понатаму. За нас сите граѓани се важни, сите општини ни се подеднакво важни” изјави министерот Бочварски.

 

Директорот на ЈП за одржување на магистралните патишта Ацевски, истакна дека претпријатието работи на санација на патиштата во сите региони во државата, а во следниот период посебен фокус ќе стави на рехабилитација на патиштата оштетени од невремето што ја погоди државата изминатиов период.   

 

“Денеска ја започнуваме рехабилитацијата на овој правец значаен за Штипјани. Инвестираме 11 милиони денари и очекувам дека реконструкцијата ќе ја завршиме за две недели. Работиме интензивно во сите региони реализирајќи ја програмата на Јавното претрпијатие за оваа година. Фокус во наредниот период ќе ставиме на рехабилитација на патиштата кои се оштетени од поројните дождови”, истакна Костадин Ацевски, директор на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта.

За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube