Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: Привршуваме со изградба на обиколницата во Штип, експресниот пат до Радовиш готов до април 2022 година
23.09.2021

„Со вистински идеи и инвестиции во крупни проекти, Истокот доби нови лик, доби модерни и безбедни патишта.“ – истакна министерот Бочварски, кој денеска заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Рустеми, извршија увид во изградба на втората фаза од експресниот пат Штип – Радовиш.

Вкупната инвестиција е 15 милиони евра, а должината на оваа втора фаза изнесува 17 километри. Прогресот на градежите работи е 65 проценти и според Договорот, експресниот пат комплетно ќе биде завршен април 2022 година.

Министерот потенцираше дека обиколницата околу Штип ќе биде готова за 30-тина дена, со што сообраќајот низ градските улици низ Штип ќе се растерети.

„Покрај завршувањето на обиколница Штип, завршена е и клучката од Бучим до Радовиш и на почетокот на месец октомври и оваа делница ќе се стави во функција. Со изградбата на овој патен правец даваме пример како се гради одговорно, како се гради навремено и модерно според сите европски стандарди. Со инвестициите што ги реализираме во овој регион даваме поттик на преку 12 илјади мали и средни фирми и обезбедуваме просперитет на преку 170 илјади граѓани.“ – изјави министерот за транспорт и врски, Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, информираше дека вкупната должина на експресниот пат Штип – Радовиш е 40.4 километри, од кои 23 километри веќе се пуштени во употреба.

„Оваа втора фаза од изградбата на експресниот пат е во должина од 17 километри и поделена на две секции. Првата секција ја опфаќа делницата од Три Чешми до Штип Југ, а втората од клучката Бучим до Радовиш.

На оваа делница вкупно се изведени 16 објекти за премостување и 3 клучки. Очекуваме работните активности да завршат пролетта 2022 година.“ – истакна директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми.

На новинарско прашање, во однос на законот за легализација, министерот Бочварски истакна дека предлог Законот е доставен до Владата и на следната владина седница ќе биде разгледуван.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube