Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: Превезени над 3 милиони патници од домашните аеродроми –владините мерки обезбедуваат рекордни бројки во авиосообраќајот
19.12.2023

Преку 3 милиони патници се превезени од Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид од почетокот на годината до денеска. Ова е нова рекордна бројка на превезени патници од домашните аеродроми.

По тој повод, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска оствари работна средба со генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт на која се разговараше за постигнатите резултати и развојот на авиособраќајот во Северна Македонија.

Министерот Бочварски потенцираше дека и за следната година во буџетот на Министерството за транспорт и врски се обезбедени преку 100 милиони денари за финансиска поддршка за нови авиолинии. Тој изрaзи задоволство од заедничката соработка со ТАВ Македонија која во континуитет работи на развој на ависообраќајот во земјава. 

“ Како и сите земји во светот, ковид пандемијата негативно влијаеше врз авиосообраќајот и во нашата земја. Но тие состојби ги надминавме и денеска можеме да бидеме горди заедно со ТАВ Македонија бидејќи имаме нови рекорди на превезени патници. Три милиони патници се бројка која ветува континуиран развој на авиосообраќајот. Владата гледа на ТАВ како партнер во креирање на нови политики и развој на авиосообраќајот во Северна Македонија.  Верувам дека вака поставените политики ги оправда плановите на Министерството, а тоа се воспоставување на нови дестнациии за граѓаните како и зголемување на бројот на туристи. Крајната цел е да имаме квалитетен и безбеден авиосообраќај”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Во знак на реализираните резултати како и поддршката што ТАВ Македонија ја овозможи за реализација на Самитот на ОБСЕ 2023 во Северна Макеоднија, министерот Бочварски му додели Благодарница на генералниот директор Неџат Курт за успешните резултати.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube