Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: Предвидена е изградба на нов автопат од Гостивар до Тетово
29.01.2021

Оваа година започнуваме со постапка за  изработка на физибилити студија за изградба на нов автопат од Гостивар до Тетово, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски при денешната работна посета во општина Тетово.

Тој, заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи остварија средба со градоначалникот на општина Тетово, Теута Арифи, на која средба се разговараше за инфраструктурни проекти во општината и регионот.

На средбата, покрај другите проекти што се реализираат во општина Тетово,  министерот Бочварски потенцираше дека во програмата на ЈП за државни патишта за оваа година предвиденио е изработка на студија за изградба на нов автопат од Гостивар кон Тетово. 

“Бидејќи има голем број на постоечки инфраструктурни објекти на сегашната траса на патот, предвидено е тие да бидат реконструирани. Едната варијанта која се разгледува е постоечката траса да се користи од Тетово до Гостивар, а од Гостивар до Тетово да се изгради нов пат така да ќе добиеме ново модерно решение. Предвидено е оваа година да се започне со постапка за изработка на физибилити студија и некаде следната година очекувам да започне пробивање на новата траса” изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. 

Министерот Бочварски најави и реконструкција на две локални улици во општина Тетово.

“Во првиот тендер од Светска банка што веќе е завршен, општина Тетово аплицираше за реконструкција на две улици и тоа Гоце Делчев и Гоце Стојчевски. Договорот е потпишан со иведувачот, во овие неколку недели ќе се прават подготвителни работи и многу брзо ќе почнат со реализација. Вредноста е 22 милиони денари за двете улици”, изјави министерот Бочварски.

Оваа година во програмата на ЈП за државни патишта, продолжуваме со рехабилитација на патниот правец Тетово - Џепчиште, додаде министерот.

За општина Тетово, овие проекти се од огромно значење заради локалниот економски развој на општината.

 “ Разговаравме за проекти што се многу важни за граѓаните во општинта, за урбаниситичките планови за развој на општиниата и други проекти  со што веруваме дека со нивна реализација го подобрувам квалитетот на живот на нашите граѓани”, изјави Теута Арифи, градоначалник на општина Тетово.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube